Лудвиг I (Баварија)

(Пренасочено од Лудвиг I од Баварија)

Лудвиг I (германски: Ludwig I; 25 август 1786 - 29 февруари 1868) — крал на Баварија од 1825 до германските револуции од 1848-1849 година. Тој го наследил својот татко Максимилијан I на престолот на Баварија по неговата смрт во 1825 година и абдицирал во корист на својот син Максимилијан II за време на револуцијата од 1848 година, по неговата афера со Лола Монтез.

Лудвиг I
Портрет од Јозеф Карл Штилер, 1825
Крал на Баварија
На престол13 октомври 1825 – 20 март 1848
ПретходникМаксимилијан I Јосиф
НаследникМаксимилијан II
Роден(а)25 август 1786
Стразбур, Кралство Франција
Починал(а)29 февруари 1868 (возр. 81)
Ница, Втора Француска Империја
Почивалиште
СопружникТереза од Саксо-Хилдбургхаузен
Полно име
македонски: Лудвиг Карл Август
германски: Ludwig Karl August
ДинастијаДинастија Вителсбах
ТаткоМаксимилијан I Јосиф од Баварија
МајкаПринцеза Аугуста Вилхелмин од Хесен-Дармштат
ВероисповедРимокатоличка црква
ПотписЛудвиг I's signature

Неговата венчавка во 1810 година со принцезата Тереза од Саксен-Хилдбургсхаузен го основал „Октоберфест“. Тогаш, тие организирале раскошна трка со коњи (свадбата се одржала на 12 октомври, а трката со коњи на 17 октомври, па оттаму постојат две различни дати за почетокот на „Октоберфест“). Неговото име го носи првата железничка линија во Германија од Нирнберг до Фирт, отворена во декември 1835 година. Како и другите германски владетели, Лудвиг I реагирал на движењата за слобода и единство на фестивалот во Хамбах во 1832 година со зголемена репресија и цензура на печатот.