Примеира лига 2023-2024

Примеира лига 2023-2024 (позната и како Liga Portugal Betclic 2023-2024,[1] поради спонзорски причини) било 90-тото издание на Примеира лигата, највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги во Португалија. Сезоната започнала на 11 август 2023, а завршила на 19 мај 2024.

Примеира лига 2023-2024
Liga Portugal Betclic 2023-24
Натпреварување Примеира лига
Спорт Фудбал
Издание 90-то
Период од: 11 август 2023
до: 19 мај 2024
Држава  Португалија
Резултати
Шампион Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
20. титула
Лига на шампиони
Лига Европа
2. клуба
Лига на конференции
Испаднале Портимоненсе Портимоненсе
Визела Визела
Шавеш Шавеш
Статистика
Најдобар стрелец Шведска Виктор Ѓекереш
(29 гола)
Одиграни натпревари 306
Постигнати голови 877 (2,87 по натпревар)
Хронологија на натпреварувањето
2022–23 2024–25

Екипата на Бенфика влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Мореиренсе, Фаренсе и Ештрела Амадора биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Сегунда лига 2022-2023. Тие ги замениле Маритимо, Пасош де Фереира и Санта Клара, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во второто ниво за сезоната 2023-2024.

На 5 мај 2024, Спортинг Лисабон станал шампион во ова издание на лигата, на две кола пред крајот, по поразот на нивниот најголем конкурент Бенфика со 2–0 на гости кај Фамаликао, освојувајќи ја 20-тата првенствена титула во историјата на клубот и прва од сезоната 2020–2021. Тие, заедно со Бенфика, исто така, се квалификувале за Лигата на шампионите 2024-2025. Третопласираниот Порто, кој воедно бил и освојувач на Купот на Португалија, се квалификувал за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2024-2025, а за истото натпреварување се квалификувала и четвртопласираната Брага, која ќе започне од второто квалификациско коло. Петтопласираната екипа, Виторија Гимараеш, се квалификувала за УЕФА Лигата на конференции 2024-2025.

Трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона биле Визела, Шавеш и Портимоненсе, последните како поразени во баражот за опстанок.

Најдобар стрелец во оваа сезона бил Виктор Ѓекереш од шампионот Спортинг Лисабон со 29 гола.

Општо

уреди

Формула

уреди

Откако Португалија паднала од шесттото на седмото место на УЕФА коефициентот по крајот на сезоната 2022–2023, загубила едно место во Лигата на шампионите и сега само двете најдобропласирани екипи можат да се квалификуваат за ова натпреварување (шампионот влегува директно во групната фаза, а второпласираниот започнува од третото квалификациско коло). Победникот на Купот на Португалија се квалификува за групната фаза на Лига Европа, додека третопласираната екипа се квалификува за второто квалификациско коло во истото натпреварување. Четвртопласираната екипа, пак, се квалификува за второто квалификациско коло на Лигата на конференции.[2][3] Претпоследно и последнопласираната екипа испаѓаат во Сегунда лига, додека екипата која ќе заврши на 16-тото место, ќе игра бараж за опстанок со третопласираната екипа од второто ниво, по кои победникот ќе игра во Примеира лига следната сезона, додека поразениот во Сегунда лига.

Промена на екипи

уреди

Мореиренсе, Фаренсе и Ештрела Амадора биле трите нови екипи во лигата, кои избориле промоција во Сегунда лига 2022-2023, заменувајќи ги Маритимо, Пасош де Фереира и Санта Клара, кои како трите најслабопласирани екипи испаднале во претходната сезона. Мореиренсе се вратиле во највисоката фудбалска дивизија на Португалија после само една година отсуство, Фаренсе после две, додека Ештрела Амадора изборила промоција во Примеира лига за првпат во нејзината историја од реосновањето на клубот во 2020 година, или по четиринаесет години отсуство, ако се смета кога за последен пат во лигата се натпреварувал клубот со истото име кој банкротирал во 2011 година.

Оваа сезона, исто така, била одбележана како прва сезона од 1984–1985 во која нема екипи од Азорите или Мадејра островите во првата лига.

Екипи

уреди

Екипи учеснички

уреди

Екипи по окрузи

уреди
Место Окрузи во Португалија Бр. на екипи Екипи
1   Брага 6 Брага, Фамаликао, Жил Висенте, Мореиренсе, Виторија Гимараеш и Визела
2   Лисабон 5 Бенфика, Каса Пиа, Ешторил, Ештрела Амадора и Спортинг Лисабон
3   Порто 3 Боавишта, Порто и Рио Аве
4   Фаро 2 Фаренсе и Портимоненсе
5   Авеиро 1 Ароука
  Вила Реал Шавеш

Стадиони и локации

уреди
Екипа Сезона Град Стадион Претходна сезона
Ароука детали Ароука Мунисипал де Ароука 5. место во Примеира лига
Бенфика детали Лисабон Стадион Луж 1. место Примеира лига, шампион на Португалија
Боавишта детали Порто Беса 9. место во Примеира лига
Брага детали Брага Мунисипал де Брага 3. место во Примеира лига
Визела детали Визела Стадион на ФК Визела 11. место во Примеира лига
Виторија Гимараеш детали Гимараеш Стадион „Дон Афонсо Енрикеш“ 6. место во Примеира лига
Ешторил детали Ешторил Стадион „Антонио Коимбра да Мота“ 14. место во Примеира лига
Ештрела Амадора детали Амадора Стадион „Жозе Гомеш“ 3. место во Сегунда лига, промоција во Примеира лига
Жил Висенте детали Барселош Градски стадион во Барселош 13. место во Примеира лига
Каса Пиа детали Лисабон Мунисипал де Рио Мајор 10. место во Примеира лига
Мореиренсе детали Мореира де Конегош Парк „Жоаким де Алмеида Фреиташ“ 1. место во Сегунда лига, промоција во Примеира лига
Портимоненсе детали Портимао Мунисипал де Портимао 15. место во Примеира лига
Порто детали Порто Драгао 2. место во Примеира лига
Рио Аве детали Вила до Конде Мунисипал дош Аркош 12. место во Примеира лига
Спортинг Лисабон детали Лисабон Стадион „Жозе Алваладе“ 4. место во Примеира лига
Фамаликао детали Вила Нова де Фамаликао Мунисипал 22 јуни 8. место во Примеира лига
Фаренсе детали Фаро Стадион ди Саун Луиш 2. место во Сегунда лига, промоција во Примеира лига
Шавеш детали Шавеш Мунисипал де Шавеш 7. место во Примеира лига

Личности и спонзори

уреди
Екипа Тренер Капитен Најдобар стрелец Опрема Спонзор
Ароука   Даниел Рамош (1-11. коло)
  Даниел Соуса (12-34. коло)
  Давид Симао   Рафа Мухика (20) Skita Construções
Carlos Pinho
Бенфика   Рогер Шмит   Николас Отаменди   Рафа Силва (14) Adidas Emirates
Боавишта   Пети (1-13. коло)
  Рикардо Паива (15-29. коло)
  Жорже Симао (30-34. коло)
  Себастијан Перес   Роберт Боженик (9) Kelme Placard
Брага   Артур Жорже (1-27. коло)
  Руи Дуарте (28-34. коло)
  Рикардо Орта   Симон Банза (21) Puma Moosh
Визела   Пабло Виљар (1-14. коло)
  Рубен де ла Барера (15-34. коло)
  Саму   Самуел Есенде (15) Kappa Solverde
Виторија Гимараеш   Морено (1. коло)
  Пауло Тура (3-7. коло)
  Алваро Пачеко (8-34. коло)
  Андре Андре   Жота Силва (11) Macron Placard
Ешторил   Алваро Пачеко (1-6. коло)
  Васко Сеабра (7-34. коло)
  Дани Фигуеира   Алехандро Маркес (9) Kappa Solverde
Ештрела Амадора   Сержо Виеира   Киалонда Гашпар   Кикас (7) Umbro Различни спонзори
Жил Висенте   Витор Кампелос (1-29. коло)
  Тоже Мареко (30-34. коло)
  Рубен Фернандеш   Максим Домингес (6) Lacatoni Barcelos Tourism
Каса Пиа   Филипе Мартинс (1-5. коло)
  Гонсало Сантош (6-34. коло)
  Анџело Нето   Клејтон (8) Adidas ESC Online
Мореиренсе   Руи Боржеш   Педро Амадор   Андре Луиш (6) CDT Placard
Портимоненсе   Пауло Сержо   Карлињос   Карлињос (9) Mizuno Ceremony
Порто   Сержо Консеисао   Пепе   Еванилсон (13) New Balance Betano
Рио Аве   Луиш Фреире   Витор Гомеш   Емануел Боатенг (7) Puma Solverde
Спортинг Лисабон   Рубен Аморим   Себастијан Коатес   Виктор Ѓекереш (29) Nike Betano
Фамаликао   Жоао Педро Соуса (1-26. коло)
  Армандо Еванџелиста (27-34. к.)
  Ричели   Џондер Кадис (15) Macron Placard
Фаренсе   Жозе Мота   Фабрисио Исидоро   Бруно Дуарте (13) Lacatoni Placard
Шавеш   Жозе Гомеш (1-5. коло)
  Морено (6-34. коло)
  Жоао Кореја   Ектор Ернандес (14) Lacatoni Forte de São
Francisco Hotel

Завршна табела [4]

уреди
Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
  1.   Спортинг Лисабон 90 34 29 3 2 96 29 +67
2.   Бенфика 80 34 25 5 4 77 28 +49
3.   Порто 72 34 22 6 6 63 27 +36
4.   Брага 68 34 21 5 8 71 50 +21
5.   Виторија Гимараеш 63 34 19 6 9 52 38 +14
6.   Мореиренсе 55 34 16 7 11 36 35 +1
7.   Ароука 46 34 13 7 14 51 53 -2
8.   Фамаликао 42 34 10 12 12 37 41 -4
9.   Каса Пиа 38 34 10 8 16 38 50 -12
10.   Фаренсе 37 34 10 7 17 46 51 -5
11.   Рио Аве 37 34 6 19 9 38 43 -5
12.   Жил Висенте 36 34 9 9 16 42 52 -10
13.   Ешторил 33 34 9 6 19 49 59 -10
14.   Ештрела Амадора 33 34 7 12 15 33 53 -20
15.   Боавишта 32 34 7 11 16 39 62 -23
  16.   Портимоненсе 32 34 8 8 18 39 72 -33
  17.   Визела 26 34 5 11 18 36 66 -30
  18.   Шавеш 23 34 5 8 21 31 72 -38

Легенда:

      Шампион на Португалија и се квалификува за УЕФА Лига на шампиони 2024-2025
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2024-2025
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2024-2025
      Се квалификува за второто квалификациско коло на УЕФА Лига Европа 2024-2025
      Се квалификува за УЕФА Лига на конференции 2024-2025
  Ќе игра во Баражот промоција-испаѓање
      Испаѓа во Сегунда лига 2024-2025

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Рангирањето се спроведува согласно следните критериуми:
  • Освоени бодови
  • Освоени бодови во меѓусебните натпревари
  • Гол разлика во меѓусебните натпревари
  • Головите постигнати на гостински терен во меѓусебните натпревари
  • Вкупна гол разлика
  • Добиени натпревари
  • Вкупно постигнати голови
  • Бараж

Шампионскиот тим

уреди
Формација (3-4-3) Играчи (настапи)
  Adan (22)
  Усман Диоманде (26)
  Себастијан Коатес (29)
  Гонсало Инасио (32)
  Рикардо Ешгајо (28)
  Мортен Хјулманд (30)
  Хидемаса Морита (29)
  Нуно Сантош (31)
  Франсиско Тринкао (31)
  Виктор Ѓекереш (33)
  Педро Гонсалвеш (32)
Менаџер:   Рубен Аморим
Останати играчи: Паулињо (31), Даниел Браганса (28), Жени Катамо (27), Матеус Реис (27), Маркус Едвардс (26), Едуардо Кварежма (20), Џери Сент Жуст (11), Франко Исраел (10), Луиш Нето (7), Иван Фреснеда (5), Коба Коиндреди (4), Дарио Есуго (4), Диого Пинто (2), Рафаел Понтело (1), Матеуш Фернандеш (1), Мигел Менино (1), Афонсо Мореира (1), Франсиско Силва (1).

Бараж промоција-испаѓање

уреди

Во баражот за промоција и испаѓање играат шеснаесеттопласираната екипа во Примеира лига и третопласираната екипа во Сегунда лига.

Резултати Град и дата
Портимоненсе 1 - 2 АВС Портимао, 25 мај 2024
АВС 2 - 1 Портимоненсе Вила даш Авеш, 2 јуни 2024

Статистика

уреди

Екипна

уреди

Лидери на табелата

уреди
————————————————————————————————————————————————————————————————————
СпортингСпоСпортингБенБенСпортинг Лисабон
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª

Создавање на пласманот

уреди
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. 17. 18. 19. 20. 21. 22. 23. 24. 25. 26. 27. 28. 29. 30. 31. 32. 33. 34.
Арука 3 4 5 6 6 6 6 6 6 6 6 9 10 13 16 16 16 19 22 25 28 28 31 34 34 34 37 40 43 44 45 46 46 46
Бенфика 0 3 6 9 12 15 18 21 22 25 28 29 30 33 36 39 42 45 48 51 52 55 58 58 61 64 67 67 70 73 76 76 79 80
Боавишта 3 6 7 10 13 13 14 15 15 15 15 15 15 16 16 17 20 20 20 21 24 24 24 25 28 28 29 29 29 30 30 31 31 32
Брага 0 3 4 7 7 10 13 16 17 20 23 26 29 29 32 33 33 36 37 40 40 43 46 49 50 53 56 56 59 62 62 65 68 68
Визела 0 1 1 4 4 5 5 6 6 9 10 10 10 11 12 13 13 13 13 13 16 16 17 18 21 21 21 21 21 21 22 22 25 26
Виторија Гимараеш 3 6 9 9 9 10 13 16 19 19 19 22 25 26 29 30 33 36 36 39 40 41 41 44 47 50 53 56 57 57 60 60 60 63
Ешторил 0 3 3 3 3 4 4 4 4 7 10 10 13 14 17 17 17 17 18 21 21 21 22 22 22 25 28 29 29 30 33 33 33 33
Ештрела Амадора 0 0 3 4 4 5 5 8 11 11 11 12 15 16 16 17 18 18 18 18 21 21 22 22 25 26 26 27 28 29 29 30 30 33
Жил Висенте 3 3 3 3 6 6 9 9 10 10 11 11 12 12 15 15 16 19 22 22 22 25 26 27 28 28 28 28 28 31 32 33 36 36
Каса Пиа 3 3 4 5 8 9 9 9 10 10 10 13 13 16 16 19 19 19 19 20 20 23 26 27 27 27 30 31 32 32 35 35 35 36
Мореиренсе 0 1 1 4 4 7 10 11 14 17 20 21 22 25 26 26 29 29 32 32 35 35 38 39 39 42 42 43 43 43 46 49 52 55
Портимоненсе 0 0 1 2 5 5 8 8 11 11 14 14 15 15 15 15 18 18 21 21 21 22 22 23 23 23 23 26 27 28 28 28 29 32
Порто 3 6 9 10 13 16 16 19 22 22 25 28 31 31 34 35 38 41 44 45 45 48 49 52 55 58 58 58 59 62 63 66 69 72
Рио Аве 3 3 3 4 5 5 5 5 5 8 9 10 11 12 12 15 15 16 17 18 21 21 22 23 24 25 26 29 30 31 32 35 36 37
Спортинг Лисабон 3 6 9 10 13 16 19 22 25 28 28 31 31 34 37 40 43 46 49 49* 52* 55* 56* 59* 62* 65* 68* 71* 74* 80 81 84 87 90
Фамаликао 3 4 4 7 8 11 12 12 12 15 16 16 17 18 18 19 22 22 22 22* 23* 26* 26* 27* 27* 28* 31* 34* 35* 36 36 39 42 42
Фаренсе 0 0 3 3 6 6 6 7 10 13 16 16 17 18 18 21 21 24 24 25 26 26 26 26 26 27 27 30 31 31 34 37 37 37
Шавеш 0 0 0 0 0 1 4 7 7 7 7 10 10 10 10 11 11 12 13 14 14 17 18 18 19 19 19 19 22 23 23 23 23 23

Индивидуална

уреди

Листа на стрелци

уреди

Aggiornata al 18 maggio 2024.

Гол Играч Клуб
29   Виктор Ѓекереш Спортинг Лисабон
21   Симон Банза Брага
20   Рафа Мухика Ароука
15   Џондер Кадис Фамаликао
15   Самуел Есенде Визела
15   Кристо Гонсалес Ароука
15   Паулињо Спортинг Лисабон
14   Ектор Ернандес Шавеш
14   Рафа Силва Бенфика
13   Бруно Дуарте Фаренсе
13   Еванилсон Порто
11   Жота Силва Виторија Гимараеш
11   Педро Гонсалвеш Спортинг Лисабон

Награди

уреди

Месечни награди

уреди

Годишни награди

уреди
Тим на годината[5]
Тим на годината
Голман   Рикардо Вељо (Фаренсе)
Одбрана   Коштиња (Рио Аве)   Себастијан Коатес (Спортинг Л.)   Усман Диоманде (Спортинг Л.)   Гонсало Инасио (Спортинг Л.)
Среден ред   Жота Силва (В. Гимараеш)   Жоао Невеш (Бенфика)   Мортен Хјулманд (Спортинг Л.)   Педро Гонсалвеш (Спортинг Л.)   Рафа Мухика (Ароука)
Напад   Виктор Ѓекереш (Спортинг Л.)

Наводи

уреди
  1. „Liga Portugal now is called Liga Portugal Betclic“. Record (англиски). 5 June 2023. Посетено на 5 June 2023.
  2. „Portugal Drop to Seventh Place in the Coefficient Rankings and Will Lose a UEFA Champions League Spot From 2024/25“. PRÓXIMA JORNADA (англиски). 2023-04-13. Посетено на 2023-05-17.
  3. „Extra Champions League spot for the Netherlands after Sporting's loss | NL Times“. nltimes.nl (англиски). Посетено на 2023-05-17.
  4. (португалски). 8 октомври 2023 https://www.ligaportugal.pt/pt/liga/classificacao/20232024/ligaportugalbetclic. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  5. „Jota Silva fecha o 'Onze do Ano' da Primeira Liga“. Sapo Desporto (португалски). 13 June 2024. Посетено на 14 June 2024.

Надворешни врски

уреди