Приказната за Глен Милер

„Приказната за Глен Милер“ (англиски: The Glenn Miller Story) – филм на режисерот Ентони Мен (Anthony Mann) од 1953 година. Автори на сценариото се Валентајн Дејвис (Valentine Davies) и Оскар Бродни (Oscar Brodney), а главните улоги ги играат: Џејмс Стјуарт (James Stewart), Џун Алисон (June Allyson), Хари Морган (Harry Morgan), Чарлс Дрејк (Charles Drake), Џорџ Тобијас (George Tobias), Бартон Меклејн (Barton MacLane), Луис Армстронг (Louis Armstrong), Бен Полак (Ben Pollack) и Џин Крупа (Gene Krupa). И покрај тоа што бројни настани и личности од животот на Глен Милер се изоставени, филмот е заснован на неговата животна приказна, а во него се појавуваат и неколку познати музичари, современици на Милер, како Луис Армсттронг, Бен Полак и Џин Крупа. Филмот постигнал голем успех, а за тоа придонесува и изведувањето на неколку познати дела на Милер. Филмот ја освоил наградата „Оскар“ за најдобар звук, а неговиот успех го поттикнал студиото Јуниверзал да сними уште еден сличен филм, „Приказната за Бени Гудмен“.[1]

Синопсис

уреди

Глен Милер (го игра Стјуарт) ја почнува кариерата како свирач на тромбон во малите клубови на Њујорк, нудејќи им ги своите композиции на познатите музичари, а потоа, постепено, во текот на 1930-тите, станува водач на најуспешната џез-група. Иако е целосно посветен на музиката, тој е примерен семеен човек кој со својата жена (ја игра Алисон) има две деца, а таа има разбирање за неговите чести отсуства од домот. За време на Втората светска војна, Милер го води воениот оркестар со кои ги изведува своите дела. Притоа, оркестарот оди во Англија за да ги забавува американските војници...

Наводи

уреди