Претседателски избори во САД (1812)

Претседателски избори во САД, 1812 — 7. по ред претседателски избори во САД. Траеле од 30 октомври до 2 декември 1812, во сенка на Англо-американската војна.

Претседателски избори во САД, 1812
САД
1808 ←
30 октомври - 2 декември 1812 → 1816

217 изборни гласови во Изборниот колегиум
109 изборни гласови гласови за победа
 
Кандидат Џејмс Медисон Девит Клинтон
Партија Демократско-републиканска партија Демократско-републиканска партија
[Забелешка 1]
Матична држава Вирџинија Њујорк
Потпред. кандидат Елбриџ Гери Џаред Ингерсол
Изборнички гласови 128 89
Застапувани држави 11 7
Добиени гласови 140.431 132.781
Удел 50,4% 47,6%

Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означиува сојузните држави каде што победил Медисон додека портокаловата ги зоначува сојузните држави каде што победил Клинтон. Бројките го претставуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава.

претседател пред изборите

Џејмс Медисон
Демократско-републиканска партија

Избран за претседател

Џејмс Медисон
Демократско-републиканска партија

Овие избори биле тесен натпревар помеѓу тогашниот демократско-републикански претседател Џејмс Медисон и дисидентот од Демократско-републиканската партија Девит Клинтон, внук на починатиот поранешен потпретседател на САД Џорџ Клинтон. Федералистичката опозиција застанала зад кандидатурата на Клинтон. Медисон бил реизбран со 50,4 проценти од народното гласање наспроти 47,6% на Клинтон, со тоа, правејќи ги овие избори најтесните дотогаш. Ова биле првите американски претседателски избори што се одржале за време на војна во која учествувале Соединетите Американски Држави.[1]

Номинации

уреди

Номинација на Демократско-републиканската партија

уреди

Демократско-ребпубликански кандидати:

Голем број демократски-репбуликанци во северните сојузни држави биле незадоволни околу доминацијата на претседателите по потекло од Вирџинија (тројца од последните четворица претседатели биле од Вирџинија), па затоа тие посакувале некој од северните сојузни држави да стане претседател наместо повторно да биде номиниран Медисон. Подоцна овие надежи биле свртени кон потпретседателот Џорџ Клинтон, но неговото влошено здравје и старост (72 години) ги намалиле неговите шанси. Пред смртта на Клинтон на 20 април 1812, неговиот внук Девит Клинтон бил сметан за соодветен кандидат кој би му се спротивставил на Медисон од страна на северните демократски-републиканци.

Надевајќи се дека би спречиле поголемо движење против актуелниот претседател Џејмс Медисон како и поделба помеѓу Демократко-републиканската партија, било предложено Девит Клинтон да биде номиниран за позицијата потпретседател, преземајќи ја функцијата на неговиот чичко. Девит не се противел на овој предлог, но сакал да почека до резултатот од јавното гласање во Њујорк, кое што требало да се одржи по конгресното јавно гласање со цел да се финализира одлуката. Раните јавни гласања биле одржани во Вирџинија и Пенсилванија, каде што бил поддржан Медисон. На 18 мај демократско-републиканско конгресно јавно гласање се одржало, а Џејмс Медисон бил формално номиниран како кандидат на партијата, иако имало поделби. Само 86 од 134 демократско-републикански сенатори и конгресмени учествувале во јавното гласање. Во потрага по кандидат за потпретседател од северот (додека Девит останал на страна), на јавното гласање бил избран гувернерот на Њу Хемпшир Џон Ленгдон со цел да се избалансира кандидатурата. Сепак Ленгдон ја одбил кандидатурата за потпретседател поради неговата старост (70 години). На второто јавно гласање бил номиниран гувернерот на Масачусетс Елбриџ Гери како кандидат за потпретседател иако тој не бил многу постар од Ленгдон (68 години).

Кога се одржало јавното гласање во Њујорк на 29 мај, бил изгласан Девит Клинтон како кандидат за претседател скоро едногласно. Кандидатурата на Клинтон била оспорена од многумина, кои не биле пријатели на Медисон и кои стравувале дека поради тоа Демократско-републиканската партија би се распаднала на многу делови. Спроведувањето на претседателската кампања на Клинтон исто така било проблем за него, особено во поглед на војната со британците по 12 јуни. Многу од поддржувачите на Клинтон биле воинствени кои се залагале за екстремни мерки со цел вршење притисок на бритнаците за преговори во полза на САД, додека Клинтон бил свесен дека треба да се спротивстави на овие предлози како предложен од страна на федералистите со цел да победи, поради нивното целосно несогласување со војната.[2]

Резултати од првото јавно гласање
За претседател За потпретседател
Џејмс Медисон 81 Џон Ленгдон 64
Воздржани 1 Елбриџ Гери 16
Други 2
Резултати од второто јавно гласање
За потпретседател
Елбриџ Гери 74
Останати 3

Номинирани од Федералистичката партија

уреди

Federalist candidates:

Пред Клинтон да се приклучи на трката како алтернатива за претседателот Медисон, претседателот на Врховниот суд Џон Маршал бил фаворит за федералистите, релативно популарна личност којшто би освоил повеќе гласови на северозападот, а во меѓувреме би издвоил потенцијална победа во Вирџинија и Северна Каролина. Но со влегувањето на Клинтон во трката, федералистите не биле во можност да ги бројат изборните гласови во Њујорк, оставајќи можност изборите да бидат во рацете на Претставничкиот дом, доминиран од страна на демократските-републиканци, каде што скоро сигурно Медисон би бил избран.

Поради овие факти, Федералистичката партија сметала дека треба да го поддржи кандидирањето на Клинтон одредено време, но на нивното јавно гласање во септември било одлучено дека партијата нема да има свој кандидат таа година и не го поддржала Клинтон. И покрај тоа што Клинтон имал голема поддршка од федералистите, се сметало дека отворената поддршка која би му ја дале би ги намалила неговите шанси во сојузните држави каде што федералистите сè уште биле популарни и би ги оттргнале демократските-републиканци кои нормално би ја поддржале неговата кандидатура. На федералистичкото јавно гласање во Пенсилванија бил избран Елбриџ Ингерсол, јавниот обвинител на Пенсилванија како кандидат за потпретседател, потег кој Клинтон го поддржал сметајќ ја важноста на изборните гласови во Пенсилванија.[2]

Директна федералистичка номинација

уреди

Директен кандидат на Федералистичката партија

Додека многу федералисти биле поддржувачи на кандидатурата на Клинтон, останатите не се сложувале со тоа и биле скептични околу позициите на Клинтон во поглед на војната и останатите работи. Руфус Кинг, поранешен амбасадор и конгресмен направил напор да се одржи јавно гласање во септември каде што би бил номиниран федералист како кандидат за претседател, но на крајот тоа не било успешно. Сепак, некои посакувале Кинг да биде номиниран за федералистички кандидат за претседател, но тоа не се исполнило поради тоа што би се загрозила победата на Клинтон во две сојузни држави.

Резултати

уреди
 
Мапа на изборните резултати која што го покажува процентот на кандидатот кој победил во секој округ. Со нијансите на сина боја се обележани окрузите во кои победил Медисон (Д-Р), а со нијанси на жолта боја се обележани окрузите каде што победил Клинтон (Ф)
Кандидат Партија Народно гласање Изборни гласови
Бр. на гласови %
Џејмс Медисон Демократско-републиканска партија 140 431 50,4 % 128
Девит Клинтон Федералистичка партија 132 781 47,6 % 89
Руфус Кинг Федералистичка партија 5 574 2,0 % 0
Вкупно 278 786 100 % 217

Наводи

уреди
  1. Sabato, Larry; Ernst, Howard (1 January 2009). Encyclopedia of American Political Parties and Elections. Infobase Publishing. стр. 303–304. |access-date= бара |url= (help)
  2. 2,0 2,1 Schlesinger, Arthur M., Jr. (2002). History of American Presidential Elections, 1789-2001. Volume 1, 1789-1824. Chelsea House Publishers. стр. 249–272. ISBN 978-0791057131.

Белешки

уреди
  1. Иако често се спомнува како кандидат на федералистите, технички Клинтон настапил како кандидат на Демократско-републиканската партија и не бил номиниран од страна на Федералистичката партија, поради тоа што Федералистичката партија не дала свој кандидат. Ова не ја спречило поддршката што ја добил од федералистичките партии од сојузните држави (како Пенсилванија), но исто така тој добил поддршка и од демократските републиканци од Њујорк.