Претседателски избори во САД во 2020 година

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Претседателските избори во САД во 2020 година беа 59-ти четиригодишни претседателски избори одржани во вторник, 3 ноември 2020 година. Кандидатот на демократската партија, поранешниот потпретседател на САД во кабинетот на Барак Обама, Џо Бајден и неговата кандидатка за потпретседателка, Камала Харис ги победија актуелниот претседател Доналд Трамп и потпретседател Мајк Пенс од републиканската партија, станувајќи 46-ти претседател на САД и 49-та потпретседателка на САД. Изборите се одржаа во позадина на глобалната пандемија на Ковид-19 и поврзаната рецесија. На изборите беше забележан највисок процент на излезност на гласачите од 1900 година, при што двата кандидати од двете главни партии добија повеќе од 74 милиони гласови, надминувајќи го рекордот на Барак Обама од 2008 година од 69,5 милиони гласови. Бајден доби повеќе од 81 милион гласови, најмногу гласови досега дадени за кандидат на претседателските избори во САД

Претседателски избори во САД 2020
САД
2016 ←
3 ноември 2024[б 1] → 2024

538 електори на изборниот колеџ
270 електори гласови за победа
Анкети
Излезност 66.6% (6.5%
 
Партија Демократи Републиканци
Добиени гласови 81,283,501[1] 74,223,975[1]
Удел 51.3% 46.8%

Предлошка:2020 United States presidential election imagemap

Резултати од претседателските избори. Сина означува држави во кои победиле Бајден/Харис and Црвена означува држави во кои победиле Трамп/Пенс. Броевите го означуваат бројот на електори кои гласаат за претседател по држава и Дистриктот Колумбија.

Претседател пред изборите

Доналд Трамп
Републиканец

Избран за Претседател

Џо Бајден
Демократ

Претседателските избори во САД се одржаа на 3 ноември 2020 година. [б 2] Демократската партија го поддржа поранешниот потпретседател во кабинетот на Барак Обама, Џо Бајден и сенаторката од Калифорнија, Камала Харис кои успееа да ги победат актуелниот републикански претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс . [4] Изборите беа одржани во време на глобалната пандемија Ковид-19. Изборите се запаметени по најголемата излезност на гласачите по процент од 1900 година . Победничкиот кандидат Џо Бајден доби повеќе од 81 милион гласови, [5] најмногу гласови дадени некогаш за претседателски кандидат во историјата на САД. [6]

На екстремно тесните прелиминарни избори кај демократската партија на кои учествуваа најголем број кандидати за било која партија во модерната ера на американската политика, Бајден успеа да обезбеди демократската претседателска номинација . Кандидатот за потпретседател на Бајден, Харис, стана првата Афроамериканка, првата Азиско-Американка и трета жена [б 3] кандидат за потпретседател на главна партија. Трамп успеа по втор пат по ред да стане кандидат на републикаците, добивајќи довверба од 2.549 делегати, еден од најголемите во историјата на прелиминарните избори за претседател на републиканските прелиминарни избори.

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ElectionDay.
  2. About 64% of voters voted early before November 3 in person or by mail, with the earliest state starting on September 4.[2][3]
  3. The previous two female vice presidential nominees were Geraldine Ferraro in 1984 and Sarah Palin in 2008.
  1. 1,0 1,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име FEC.
  2. Knight, Stef W.; Ahmed, Naema (August 13, 2020). „When and how to vote in all 50 states“. Axios. Архивирано од изворникот January 12, 2021. Посетено на November 17, 2020.
  3. McDonald, Michael (November 6, 2020). „2020 General Election Early Vote Statistics“. U.S. Elections Project. Архивирано од изворникот January 17, 2021. Посетено на November 17, 2020.
  4. „Biden officially secures enough electors to become president“. Associated Press News. December 5, 2020. Архивирано од изворникот на December 8, 2020. Посетено на December 6, 2020.
  5. „Joe Biden Crosses 80 million votes“. Newsweek. Архивирано од изворникот на November 24, 2020. Посетено на November 24, 2020.
  6. Lewis, Sophie (November 7, 2020). „Joe Biden breaks Obama's record for most votes ever cast for a U.S presidential candidate“. CBS News. Архивирано од изворникот на December 29, 2020. Посетено на November 8, 2020.