Престолнински Регион (Исланд)

регион во Исланд

Престолнински Регион (исландски: Höfuðborgarsvæðið, тр. Хевидпоргарсвајдид) — регион во југозападен Исланд кој го опфаќа главниот град Рејкјавик и шест општини околу него.[1][2] Секоја општина има свој совет, а општинските управи имаат разни заеднички надлежности како комуналиите, јавниот превоз и противпожарните служби.

Престолнински Регион
Höfuðborgarsvæðið
ЗемјаИсланд
Површина
 • Вкупна1.062,2 км2 (4,101 ми2)
Население (2017)
 • Вкупно222,590
 • Густина204,2/км2 (5,290/ми2)
Час. појасGMT (UTC+0:00)

Регионот е најголемото урбано подрачје во Исланд.[3] со преку 60 % од населението на државата, но само 1 % од површината. Иако регионот зафаќа (1.062 км2), вистинското населено подрачје се протега на само 200 км2, додека остатокот се ненаселени предели[4]

Население

уреди

Од седумте општини на регионот, најголема е Рејкјавик со 122.460 жители. Најслабо населена е Кјоусархрепир, со само 217 жители, но најголема површина (287,7 км2). Најмала површина зафаќа Селтјарнарнес (2,3 км2).

Општина Изворно Население[5] Површина
(км2)[6]
Густина
(жит/км2)
Кардапајр Garðabær 14.717 74,4 198
Коупавогир Kópavogur 34.140 83,7 408
Мосфетлспајр Mosfellsbær 9.481 193,7 49
Рејкјавик Reykjavík 122.460 277,1 442
Селтјарнарнес Seltjarnarnes 4.415 2,3 1.920
Кјоусархрепир Kjósarhreppur 217 287,7 0,75
Хапнарфјердир Hafnarfjörður 28.189 143,3 197
Вкупно 213.619 1.062,2 201

Наводи

уреди
  1. Здружение на општините во Престолнинскиот регион англиска верзија Архивирано на 7 октомври 2021 г. посет. 5 јуни 2010 г
  2. Sigurður Guðmundsson. „Hvernig eru hugtökin dreifbýli og landsbyggð skilgreind hér á landi?“ The Icelandic Web of Science Архивирано на 6 март 2012 г.. 18 август 2000 г. посет. 6 јуни 2010 г
  3. Население по општини — Статистика Исланд Архивирано на 17 април 2012 г.. посет. 5 јуни 2010 г
  4. Emilía Dagný Sveinbjörnsdóttir. „Hvað er Stór-Reykjavíkur svæðið stórt sem hlutfall af öllu landinu?“. The Icelandic Web of Science Архивирано на 6 март 2012 г.. 28 март 2002 г. посет. 6 јуни 2010 г
  5. Население по општини — Статистика Исланд Архивирано на 17 април 2012 г.. посет. 17 март 2012 г
  6. Преглед на месните управи — Национален земјомер на Исланд посет. 6 јуни 2010 г (исландски)

Надворешни врски

уреди

64°08′00″N 21°56′00″W / 64.13333° СГШ; 21.93333° ЗГД / 64.13333; -21.93333