Преподобен Иларион Велики
Преподобен Иларион Велики е православен светец.
Животопис
уредиИларион се родил во селото Тавата, во близина на Газа, во семејство на родители незнабошци. Во младоста, тој се школувал во Александрија, а потоа се крстил и станал христијанин. Така, тој ја презрел световната наука и заминал во Египет, каде му бил ученик на св. Антониј Велики. Потоа се вратил во Палестина и делувал во Газа. Притоа, за да ги избегне пофалбите од луѓето, тој ќесто го менувал местото на живеење и престојувал во Египет, Сицилија, Далмација и најпосле на Кипар, каде останал до смртта, на осумдесетгодишна возраст. Во православната црква, споменот на овој светител се слави на 3 ноември.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Верски календар“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 26.