Прв македонски црковно-народен собор

Првиот македонски црковно-народен собор се одржал во Скопје на 4 и 5 март 1945 година. На овој Собор зеле учество повеќе од 300 делегати - свештеници и мирјани. Откако бил прочитан реферат за улогата на Охридската архиепископија во историјата на македонскиот народ и биле ислушани дискусиите на бројни дискутанти, Соборот донел едногласна резолуција за идната црковна положба во слободниот дел на Македонија.

  1. Да се обнови Охридската архиепископија како Македонска православна црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква.
  2. Македонската православна црква да има македонски епископи и македонско свештенство, за да се запази посебноста на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна црква.
  3. Првиот македонски архијереј да ја носи титулата Охридски архиепископ, а Православната македонска црква да се нарекува Свети Климентова Охридска архиепископија.
Прв црковен собор
Дата4 и 5 март 1945
Прифатен одМПЦ-ОА
Претходен соборнема
Следен соборВтор македонски црковно-народен собор
Присуство300 делегати
Тема на дискусијаОбновување на Охридска архиепископија
Документи и извештаиРезолуција

Соборот се одржал во Офицерскиот дом во Скопје.

Резолуција

уреди
  1. Македонскиот православен народ, преку своите избрани делегати од сите духовни околии во Македонија, решава да се возобнови Охридската архиепископија како Македонска самостојна црква и да не биде потчинета ни на која друга помесна национална православна црква;
  2. Решава да има свој народен епископат и свое народно свештенство кое ќе биде гаранција дека нашиот народ ќе си ги запази карактерните особености и ќе биде поблизок до својата родна Црква;
  3. Решава на возобновената Охридска архиепископија, првиот македонски епископ да носи титула Архиепископ Охридски, а нашата православна црква да се вика „Свети Климентова Охридска Архиепископија“;
  4. Решава, избраната делегација да ги посети сите сестрински цркви, или писмено да ги извести и да биде толкувател пред нив на соборското решение и сенародната желба на православните Македонци и да издејствува признание од сите православни цркви, решението да ни добие канонска потврда, и да биде во најскоро време во дело по патот на црковните канони и во духот на утврдената црковна традиција;
  5. По свршувањето на таа работа, предлагаме делегацијата да покани гости епископи од други православни цркви, а ние да бидеме свикани на второто заседание за избор на кандидати за наши народни владици, кои ќе бидат хиротонисани од гостите епископи;
  6. Првиот меѓу нашите епископи сакаме да биде на торжествен начин устоличен во градот Охрид, на престолот на Охридската архиепископија;
  7. Кога ќе се создаде Југословенска православна црква - Патријаршија и нашата Македонска православна црква ќе влезе во нејзиниот состав како другите православни цркви во Федеративна Југославија“[1].

По соборот

уреди

Српската православна црква во септември 1945 година, на заседанието на својот Архијерејски синод, се изјаснила дека не може да ја признае самостојноста и независноста на Македонската православна црква, тврдејќи дека таа сè уште има јурисдикција на Епархиите во Македонија. Таа го повикала православниот македонски народ да се врати на состојбата меѓу двете светски војни и покрај тоа што црковната јурисдикција на Српската православна црква врз Македонија престанала на 6 април 1941 со Одлука бр. 1279 и Пов., 81. запис. 471.

Ова довело до ново Свештеничко собрание одржано во периодот од 9 до 10 мај 1946 година.

Наводи

уреди
  1. Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје, 182.