Првиот граѓанин на едно гратче

„Првиот граѓанин на едно гратче“ (српски: Први грађанин мале вароши) — филм на режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ од 1961 година. Автор на музиката е Бојан Адамич. Главните улоги ги играат: Раде Марковиќ, Јелена Жигон, Љуба Тадиќ, Мија Алексиќ, Љубинка Бобиќ, Драгомир Бојаниќ Гидра.[1]

Синопсис

уреди

Граѓаните на еден мал град тешко се помируваат со уривањето на центарот на чие место треба да се изгради нов и пофункционален простор. Претседателот на општината го поддржува планот на една млада архитектка во која е заљубен. Но, за да им покаже на граѓаните дека стариот центар не го урива под влијание на девојката, тој почнува да ја избегнува, а таа се мажи за друг човек...

Наводи

уреди