Прасето Гицко е измислен цртан лик од страна на филмското студио “Варнер Брос”. Тој е првиот лик кој е создаден од студиото. Аниматорите (особено Боб Клампет) создадоа цртан филм со малото дебело прасе кој доби позитивна критика. Дури и кога беше заменет со други ликови тој остана популарен меѓу публиката. Режисерите на филмското студио “Варнер Брос” му доделуваа подредени улоги, како и улоги од секојдневниот живот. Тој е познат по неговата реченица “Т-т-тоа е се народе!”. Овој слоган исто така е употребуван од Бошко, Бади и Бинс на крајот од секој цртан филм на “Луни Тјунс”, за разлика од “Мери Мелодис” кои го користеа слоганот “Догледање” (кога Душко Долгоушко го најавува крајот на цртаниот филм тој едноставно вели:” И тоа е крајот!”)

Прасето Гицко
Прасето Гицко.
Прасето Гицко
Прво појавувањеНемам капа (2 март, 1935)
СоздавачФриз Фреленг
Боб Клампет
ГласJoe Dougherty (1935-1937)
Mel Blanc (1937-1989)
Bob Bergen (1990-present)
Noel Blanc (Tiny Toon Adventures)
Billy West (My Generation G...G...G... Gap, Daffy Contractor)
Информации
Видпрасе
Полмашко
СопружникПетунија Пиг
ДецаПрисила Пиг

Неговата најпрепознатлива особина е пелтечењето кое тоа понекогаш го компензира со замена на зборови; На крајот на многу цртани прасето ненадејно излегува од внатрешноста на голем тапан и неговата завршна реченица “Тоа е се народе!” станува “Т-т-т-т-т –тоа е се народе”. Прасето се појавува во 152 цртани филмови во Златната ера на модерната анимација во Америка.

Почетните филмови

уреди

Ликот е дизајниран од аниматорот Боб Клампет и за првпат беше претставен во цртаниот филм “Немам капа”(анг. “I haven’t got a hat”) за првпат пуштен на 2 март 1935 во режија на Фриз Фреленг. Директорот на фимското студио Леон Шлезингер му даде предлог на Фреленг да направи цртана верзија на популарниот филм “Нашата Дружина”. Малото дебело прасе кое пелтечи имаше мала улога во филмот, и набргу стана популарно. Името на прасенцето е идеја на Фреленг која ја добил од двајца браќа кои му биле со-ученици и биле нарекувани “Прасе” и “Гицко”.

Хју Харман и Рудолф Јусинг го напуштиле студиото во 1933, и со себе го зеле ликот на Бошко, заради што ,“Луни Тјунс” продолжи со емитување на цртните филмови во кои главна ѕвезда е Бади (клон на Бошко). Претставувањето на прасето Гицко го замени Бади и ги најави идните случувања. Текс Ејвери беше ангажиран во студиото во 1936, и во неговиот филм “Копачи на злато од ‘49” употребил многу ликови од филмот “Немам капа” иако ги прикажал во различни улоги. Гицко е трансформиран од мало срамежливо момче во дебел и возрасен човек. И покрај тоа што и понатаму имал споредна улога тој сè уште бил најсмешен. Режисерите сфатиле дека имаат нова ѕвезда во нивните раце.

Џо Дагентри кој го позајмувал својот глас на Гицко имал проблеми со пелтечењето и трошоците на продукцијата многу се зголемила поради долготрјаното снимање кое одземало многу време. Сестраниот Мел Бланк го замени Џо Дагентри во 1937. Бланк го продолжил пелтечењето и го избалансирал за подобар комичен ефект (тешко изговарање на едноставни зборови а лесен изговор на посложени зборови ).

“Гицков лов на патки” премиерно беше пуштен во 1937 и Бланк официјално стана трајниот глас на прасето сè до неговата смрт во 1989. Во подоцнежните интевјуа Бланк изјави дека сакал Гицковото пелтачење да звучи како вистинско гроктање на свиња. Моментално гласот на прасето го позајмува Боб Берген.

Прасето на Клампет

уреди

Прасето Гицко се појави во многу филмови кон крајот на 30-тите. Режисерите не знаеле како треба Гицко да изгкеда па затоа секој од нив го претставувал различно. Во неколку цртани филмови тој е прикажан како дете со родители: татко Финеас(“млеко и пари”,” таткото на Гицко”, и” Гицко и колачињата”) и неговата мајка(“Целиот во дим” и “Агенцијата на Гицко”). Клампет ја дефинира конечната верзија на Гицко претставувајќи го како поубав, послаб, попаметен и со намалено пелтечење. Гицко е прикажан како невин патник, кој ги истражува убавините на светот и во универзумот на Клампет светот е навистина чудно место, што е најдобро прикажано во “Гицко во Вакиленд”- филм во кој Гицко е испратен во потрага во последната преживеана птица- Додо. Овој цртан филм е зачуван под заштита на националниот филмски регистар на Америка во 2000 година.

Во 1970 година фо документарниот филм “Душко Долгоушко- Суперѕвезда”, Клампет во својот коментар се жалеше дека неговата рана верзија на “Птицата Твити” мора да биде редизајнирана затоа што продуцентите сметале дека ”изгледа голо”.На тоа тој изјавил дека сите овие години Гицко никогаш не носел панталони, и никој на тоа не рекол ништо.

Гицко како помошник

уреди

Славата на Гицко не траеше долго. Во 1937 Ејвери на Гицко му ја спротивстави црната патка која наскоро го доби името Паторот Дачо и стана најголемата студиска ѕвезда (додека не беше заменета со Душко Долгоушко). Фриз Фреленг овој настан го прикажал сатирично во цртаниот филм “Можеш да бидеш во филмовите” во 1940. Во филмот е прикажана Паторот Дачо којашто го убедува Гицко да даде отказ од студиото Варнер Брос, и да си најде добро платена работа. Гицко од директорот на студиото Леон Шлезингер бара да го прекине договорот. По неговиот неуспешен обид да најде работа во реалниот свет, Гицко среќен повторно се враќа во студиото кое го создало неговиот лик. До ден денес Гицко останува верен помошник, а Паторот Дачо повеќе не била дел од комичното дуо.

Гицко секогаш бил, и останал омилениот лик на Варнер Бросовите продуценти. Неговото нормално однесување и срамежливоста даваат одлична претстава за нормален човек, кој за ликови како Паторот Дачо претставуваат мета за нервирање. Гицко повеќе не беше главен лик, туку се појавува како помошник на главниот лик- а во повеќето цртани тоа беше Паторот Дачо.

Гицко се појавува и во неколку цртани филмови заедно со Силвестер при крајот на 40-тите. Тој е прикажажан како сопственик на мачката, која секогаш го спасува од глувци, вонземјани и други опасности.

Подоцнежните години

уреди

Во почетокот на 60-тите Гицко добил свои емисии на телевизија насловени како “Шоуто на прасето Гицко” (1964-1967) и “Прасето Гицко и пријателите”(1971). И двете емисии биле составени од стари кинематографски цртани филмови. Друга таква колекција беше филмот од 1986 година “Прасето Гицко во Холивуд” кој беше прикажуван во училишните театри. Во анимираната серија од 90-тите “Авантурите на Тини Тјун”, Гицко се појавува како ментор на прасето Хамилтон. Гицко исто така имаше кратко појавување во “Аниманијакс” и “Хистерија”. Во анимираната телевизиска серија „Бестрашниот Патор Дачо“ Гицко игра улога на млад вселенски кадет.

Во 1991 студиото наиде на удар од страна на Националниот проект за поддршка на луѓе кои пелтечат, со седиште во Сан Франциско. Исто така и граѓанин на Њујорк поднел тужба против Варнер Брос изјавувајќи дека поради неговото пелтечење додека бил дете го добил подбивниот прекар Гицко. Од студиото барал да престанат да ги омаловажуваат децата кои пелтечат и да ги поддржат луѓето кои имаат проблеми со говорот. Студиото донираше 12 000 долари во Американската фондација за поддршка на луѓето кои пелтечат, меѓутоа притисокот од националната фондација, особено од нивниот член Ира Зимерман продолжи и понатаму. Варнер Брос пушти многубројни огласи на телевизија во кои јавно зборуваше против омаловажувањето и заканите, и даде поддршка на луѓето кои имаат говорни и физички маани. И покрај протестите, Гицко продолжи да биде емитуван во анимираните филмови на Варнер Брос.

Гицко е главен херој во детска видео игра на нинтендо. На крајот од 1998 тој имаше мала улога во филмот на Волт Дизни “Кој го намести зајчето Роџер?”(1988), каде што се појавува заедно со Тинкербел- лик од продукцијата Дизни. Гицко во овој филм имаше задача да се појави на крајот на филмот, кажувајќи ја неговата добро позната реченица “Т-т-т-тоа е се народе!”.

Во филмот ”Повторно во акција” Гицко се на кратко појавува заедно со брзиот Гонсалес, каде што тие заедно се жалат за својот политички некоректен статус. На крајот од филмот Гицко се обидува да го каже неговиот познат слоган, но премногу пелтечи, па околу него се гасат сите светла, бидејќи е ноќе и студиото се затвора,а изнервираниот Гицко едноставно кажува: ”Одете си дома народе”!. Гицко во филмот “Луди и слободни” , имаше свој потомок- прасето Пинкстер, стар пријател на опасната Патка која пак е потомок на Паторот Дачо. Прасето Пинкстер стана негативец кога беше посвоено од Стони и Багси, кои се потомци на Роки и Макси. Гицко се најде на списокот на 50-те најдобри цртани ликови, којашто беше направена од страна на магазинот “Тв Водич” и се појави на насловната страница заедно со Дак Доџерс и Моќните Девојки.

Грешка

уреди

Во 1938 Варнер Брос продукцијата направи многу краток црно-бел цртан филм во кој се прикажани грешките за време на правењето на филмовите. Анимираниот филм беше прикажан на телевизиското шоу за 50 годишнината на Варнер Брос. Овој краткометражен цртан филм наречен “Грешка”(анг. Blooper) се наоѓа на златната колекција на Луни Тунс од 2006, под насловот “Дефектите на Гицко” и на ДВД издание на филмот под наслов” Секоја зора умирам” исто така објавен во 2006 година.

Поврзано

уреди

Библиографија

уреди
  • Schneider, Steve (1990). That's All Folks!: The Art of Warner Bros. Animation. Henry Holt & Co.
  • Solomon, Charles (1994). The History of Animation: Enchanted Drawings. Random House Value Publishing.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Предлошка:Warner Bros. animation and comics


Главната статија за оваа категорија е Свиња.