Праисторија на југоисточна Европа

Праисторијата на југоисточна Европа го опфаќа периодот од доцниот палеолит, со појавата на Homo sapiens во регионот пред околу 44,000 години, па до појавата на првите пишани записи во антиката, во Античка Грција. Првото забележано писмо линеарно А, како и последователното линеарно Б, кое што е слоговно писмо и се користело за пишување на микенскиот јазик, најраната атестирана форма на хеленски јазик. Ова писмо претходи на грчката алфавита за неколку векови. Најстарите микенски записи датираат од околу 1400 п.н.е.[1]

Физичка карта на југоисточна Европа

Човечката праисторија во југоисточна Европа по конвенција е поделена на неколку помали периоди, како што се доцен палеолит, мезолит, неолитска револуција, експанзијата на праиндоевропејците, и протоисторија. Преодот помеѓу нив бил постепен. Така на пример, во зависност од интерпретацијата, протоисторијата може, но и не мора да ги вклучува бронзената епоха во Грција (3000–1200 п.н.е.),[2] минојската, микенската, тракиската и венетскита култура. Според една интерпретација која во предвид го зема историографскиот критериум, југоисточна Европа навлегува во протоисторијата со Хомер. Во секој случај, периодот завршува пред Херодот во 5 век п.н.е.[3]

Доцен палеолит

уреди
(50,000 – 20,000 п.с.)
 
Male Cro-Magnon skull

Во 2002 година, едни од најстарите остатоци на современ човек (Homo sapiens sapiens) во Европа биле откриени во „Пештерата со коски“ (Peștera cu Oase), во близина на Анина, Романија.[4] Остатоците (долната вилица) се приближно стари 37,800 години.

Овие се едни од најстарите европски остатоци на Homo sapiens, така што веројатно го претставуваат периодот на навлегувањето на првите луѓе на континентот.[5] Според некои истражувачи, особен интерес за откритието претставува мешавината од архаични, рано современи човечки и неандерталски морфолошки карактеристики,[6] што укажува на значителна неандерталска/човечка измешаност,[7] што пак сугерира дека, по нивното пристигнување во Европа, современите луѓе се среќавале и се вкрстувале со неандерталците. Неодамнешната реанализа на некои од овие фосили го оспори мислењето дека овие остатоци претставуваат доказ за вкрстување.[8]

Два човечки фосилни остатоци пронајдени во Женската пештера (Peştera Muierilor) и во Чокловина во Романија со радиокарбон техника се датирани ~ 30,000 години п.с.

Наводи

уреди
  1. Professor Shelmerdine's Exciting Mycenaean Find, UT Austin 2 June 2011.
  2. https://www.google.com/search?tbo=p&tbm=bks&q=Protohistoric+Greece+bronze+Age Предлошка:Bare URL inline
  3. e.g. Thrace in book V.
  4. Trinkaus, E., Milota, Ş., Rodrigo, R., Gherase, M., Moldovan, O. (2003), Early Modern Human Cranial remains from the Peştera cu Oase, Romania in Journal of Human Evolution, 45, pp. 245 –253, [1]
  5. João Zilhão, (2006), Neanderthals and Moderns Mixed and It Matters, in Evolutionary Anthropology, 15:183–195, p.185
  6. Trinkaus, E., Moldovan, O., Milota, Ş., Bîlgăr, A., Sarcina, L., Athreya, S., Bailey, S.E., Rodrigo, R., Gherase, M., Hilgham, T., Bronk Ramsey, C., & Van Der Plicht, J. ( 2003), An early modern human from Peştera cu Oase, Romania. Proceedings of the National Acadademy of Science U.S.A., 100(20), pp. 11231–11236
  7. Andrei Soficaru, Adrian Dobo and Erik Trinkaus (2006), Early modern humans from the Peştera Muierii, Baia de Fier, Romania, Proceedings of the National Acadademy of Science U.S.A., 103(46), pp. 17196-17201
  8. Harvati K, Gunz P, Grigorescu D. Cioclovina (Romania): affinities of an early modern European. J Hum Evol. 2007 Dec;53(6):732-46