Празникот на свети Јурген
Празникот на свети Јурген (руски: Праздник святого Йоргена) - советски филм од 1930 година, во режија на Јаков Протазанов, кој е автор и на сценариото заедно со Иљја Иљф, Евгениј Петров, Сигзимунд Кржижановски и Олег Леонидов. Главните улоги ги играат: Игор Илински и Анатолиј Кторов. Филмот е оригинално снимен како нем филм, а отпосле е додаден звук и претставува еден од првите звучни филмови во советската кинематографија.[1]
Содржина
уредиДејството е засновано врз мотивите од прозата на данскиот писател Харалд Бергстед и се одвива во една неименувана земја. Двајца професионални измамници и арамии сакаат да ги ограбат учесниците на прославата на еден локален светец. Пред прославата, крадецот Коркис бега од затворот и се меша со учесниците собрани на прославата на празникот, каде гледа дека свештениците заработуваат многу пари. Оттука, заедно со својот соработник, тој смислува план како да ги украде парите.[1]