Пошип
Пошип е бела сорта на грозје, одгледувана во јужниот дел на островот Корчула.[1] Островот може да се пофали со традиција на одгледување на бело грозје од времето на Старите Грци (4 век пред новата ера).
Пошип е првото хрватско бело вино со заштитена географска одредница, заштитено уште од 1967 година. Најдобро се одгледува на заштитените терени на Чара и Смоквица, а грозјето од овие места е секогаш со врвен квалитет.[2] Густо засадените лозја, наведнатите и терасести терени ги принудуваат лозарите да најголем дел од работата околу лозјето ја прават рачно и на традиционален начин.[2]
Виното е со сјајна, сламено жолта боја, тешко и густо, а во чашата остава густа трага. Содржи висок процент на алкохол (13-14,5 %), и има полн и богат вкус, со карактеристична арома на суви кајсии и смокви. Поради умерената содржина на киселини, совршено оди со голем број на јадења, како риба, школки и бело месо. Најдобро е кога се сервира на температура од 12-14 °C.
Име
уредиПостојат две приказни за тоа како Пошип го добил своето име: според првата, името го добил според името на издолжена шилеста бобинка, која личи на шип (што е локално име за шилестиот врв на лопата). Другата приказна вели дека селанецот Марин Томашиќ од Смоквица пронашол "чудна" лоза со развиени гранки, како расте на калинка (локалниот назив е шипак) или како што би се рекло во Смоквица расте "по шипак". Со време, последните две букви се изгубиле при изговарањето и се добил зборот пошип. Постојат уште две култивирани сорти со ова име: Пошип мали и Пошип вргорски бел, но тие се различни сорти.
Наводи
уреди- ↑ Dalmatia.
- ↑ 2,0 2,1 „In The Glass: Kunjasić Pošip 2010“. A Wine on Six (англиски). Архивирано од изворникот на 2016-08-18. Посетено на 2018-05-21.
Надворешни врски
уреди- Мала визба Архивирано на 18 мај 2006 г. - Пошип; хрватски вина и произведувачи (хрватски)