Потомци (филм)
Потомци (англиски: The Descendants) ― американска драма од 2011 година, во режија на Александар Пејн. Сценариото на Пејн, Нет Факсон и Џим Раш се заснова врз истоимениот роман на Кауи Харт Хемингс. Глумечката екипа во филмот ја сочинуваат Џорџ Клуни, Шејлин Вудли, Бо Бриџис, Џуди Грир, Метју Лилард и Роберт Фостер, а премиерата се одржала на 18 ноември 2011 година во САД, во дистрибуција на „Fox Searchlight Pictures“, по проекцијата на Филмскиот фестивал во Торонто, во 2011 година.
„Потомци“ | |
---|---|
Податотека:The-Descendants-Logo.svg | |
Режисер | Александар Пејн |
Продуцент |
|
Главни улоги | |
Кинематографија | Федон Папамихаел |
Монтажа | Кевин Тент |
Студио | Ad Hominem Enterprises |
Дистрибутер | Fox Searchlight Pictures |
Премиера | 10 септември 2011(Фестивал во Торонто) 18 ноември 2011 (САД)[1] |
Времетраење | 115 минути[2] |
Земја | САД |
Јазик | Англиски јазик |
Буџет | 20 милиони долари[3] |
Бруто заработка | 177 милиони долари[4] |
Следејќи ги патешествијата на Мет Кинг, којшто се бори со неочекуваните случки во неговиот здодевен живот, филмот Потомци доби позитивни оцени од критичарите и освои „Оскар“ за „Најдобро адаптирано сценарио“ и две награди „Златен Глобус“ за „најдобар драма-филм“ и „најдобар глумец во драма“ за Џорџ Клуни.
Кратка содржина
уредиМет Кинг (Џорџ Клуни) е адвокат во Хонолулу и е единствениот ополномоштен за семејениот тестамент за 25 000 ари недопрено земјиште на островот Кауаи. Тој отсекогаш си водел сметка за парите, но повеќето од неговите братучеди останале без пари, бидејќи прекумерно го трошеле нивниот дел од наследството. Тестаментот нема да стапи во сила сѐ додека не се исполнат сите услови, па затоа семејството Кинг реши да го продаде земјиштето на еден домородец од островот Кауаи по име Дон Хотлизер за да го разработи. Токму кога членовите на семејството требаше да го потпишат договорот, сопругата на Мет, Елизабет доживеа несреќа на чамец близу местото Ваикики и падна во кома.
Мет и Елизабет имаат две ќерки, десетгодишната Скоти (Амара Милер) и седумнаесетгодишната Алекс (Шејлин Вудли). Мет не е многу близок со своите ќерки и самиот себеси се смета за „резервен родител“. Додека Елизабет е во кома во Кралската болница во Хонолулу, тој мора да се справи со несоодветното однесување на Скоти кон другите деца и да ја врати Алекс од лошите патишта по кои е тргната.
Мет дознава дека Елизабет нема никогаш да се разбуди од комата, што значи дека според условите од нејзината согласност за лекување по операција, ќе мора да прекинат да ја одржуваат во живот. Тој ѝ кажува на Алекс дека Елизабет нема да оздрави и дека треба да го остварат нејзиното право на смрт. Мет се вчудовидува кога Алекс одбива да ја види мајка си. Тогаш таа му открива на татка си дека Елизабет имала афера кога се случила несреќата и тоа довело до нивна кавга. Мет оди кај двајца семејни пријатели, Кај и Марк. Откако Кај ќе слушне за неизбежната смрт на Елизабет, му кажува на Мет дека таа планирала да го остави за друг човек и од Марк дознава дека љубовникот на Елизабет се вика Брајан Спир (Метју Лилард).
Мет решава да го најде Брајан и за му каже дека Елизабет ќе умре наскоро и да му даде шанса да ја види уште еднаш додека е жива. Тој открива дека Брајан е геодет, којшто моментално е на одмор на островот Кауаи. Откако Мет ќе им ја соопшти крајната прогноза за Елизабет на нејзиното семејство, заедно со девојките и со мрзливиот другар на Алекс, Сид (Ник Крос) заминуваат на островот Кауаи за да го најдат Брајан.
Еднаш, кога Мет џогира на плажата, среќава еден човек и препознава дека тоа е Брајан. Тој го следи и ќе види дека ќе влезе во една колиба којашто ја поседува братучед му на Мет, Хју (Бо Бриџис). Хју му кажува на Мет дека Брајан му е зет на Дон Хотлизер и ако Мет и неговото семејство му го продадат земјиштето на Хотлизер, Брајан ќе заработи многу пари од провизиите кога земјиштето ќе се разработи.
Мет оди во колибата и се претставува како сопруг на Елизабет. Тој му вели на Брајан дека дошол за да му каже дека Елизабет ќе умре за неколку дена и сака да му даде шанса да се поздрави со неа. Брајан му вели дека Елизабет го сака него и дека за него аферата била само флертување и дека си ги сака својата жена и децата. Тој му се извинува на Мет за болката што му ја нанел.
Мет се среќава со неколку братучеди за да решат што ќе прават со семејното земјиште од 25 000 ари. Мнозинството гласа за да му го продадат на Дон Хотлизер, но Мет има други замисли и решава да го задржи земјиштето и да најде друго решение. Хју е шокиран и му вели на Мет дека тој и останатите братучеди можат да поведат судска постапка, но Мет не се плаши.
Елизабет ја исклучуваат од апаратите во Кралската болница. Нејзиниот татко Скот (Роберт Фостер) му вели на Мет дека требало да биде подарежлив кон Елизабет и да ја сака повеќе, којашто пак ја опишува како добра и верна сопруга. Мет се сложува со него и решава да не му ги каже деталите од нејзината афера на татко и. Потоа, доаѓа Џули Спир (Џуди Грир)и му кажува на Мет дека сега дознала за љубовните средби на Елизабет и нејзиниот сопруг. Џули ѝ простува на Елизабет и покрај тоа што сакала да ја мрази за тоа што ѝ го уништила семејството. Најпосле, на барање на Мет, докторот на Елизабет ѝ кажува на Скоти за неизбежната смрт на мајка ѝ и таа заедно со сестра ѝ се поздравуваат за крај со неа. На крај, Мет се соочува со неверството на неговата жена, нежно ја бакнува и се опростува од неа. Потоа, Мет, Алекс и Скоти ги истураат посмртните останки на Елизабет во океанот околу островот Ваикики. Филмот завршува со сцената како тројцата седат на каучот во дневната соба, покриени со покривачот, со којшто беше покриена Елизабет, јадат сладолед и го гледаат документарниот филм „Маршот на пингвините“ (од анг. „March of the Penguins“).
Глумечка екипа
уреди- Џорџ Клуни во улога на Метју „Мет“ Кинг
- Шејлин Вудли во улога на Александра „Алекс“ Кинг
- Бо Бриџис во улога на братучедот Хју
- Џуди Грир во улога на Џули Спир
- Ник Крауз во улога на Сид
- Амара Милер во улога на Скоти Кинг
- Метју Лилард во улога на Брајан Спир
- Роберт Фостер во улога на Скот Торсон
- Патриша Хасти во улога на Елизабет Кинг
- Мери Бирдсонг во улога на Кај Мичел
- Роб Хјубел во улога на Марк Мичел
- Милт Коган во улога на Д-р Џонстон
- Леард Хамилтон во улога на Трој Кук
- Мајкл Онткин во улога на братучедот Мајло
- Мат Корбој во улога на братучедот Ралф
- Селија Кени во улога на Реина
Продукција
уредиСнимањето на филмот започна на 15 март 2010 година, на Хаваите. Најголемиот дел од филмот се снимаше во Хонолулу и во околината на заливот Ханалеј. Фотографот Дон Кинг, којшто слика под вода, ја снимаше сцената кога Алекс Кинг се нурнува под површината на водата во базенот и вреска од тага. Куќата, којашто беше одбрана да биде домот на Мет Кинг имаше еден пропуст, ѝ фалеше дрвото индиска смоква, како што е опишано во книгата, но режисерите го решија проблемот со тоа што пресадија вакво дрво. За сцената кога семејството Кинг оди до морскиот гребен за да го погледне своето земјиште, се искористи приватен ранч со добиток, со површина од 3000 ари на јужниот брег од Кауаи, ранчот Кипу. Авторката Кауи Харт Хемингс, врз чиишто роман се заснова филмот, на кратко се појавува во улога на секретарката на Мет.
Постпродукцијата започна на 14 јуни и траела до февруари 2011 година. Се снимаше на филмските фестивали во Телурајд, Торонто и Њујорк и на почетокот беше одложена за да има ограничено прикажување на 16 декември 2011 година, но беше поместена за на 23 ноември 2011 година, а пак потоа за на 18 ноември 2011 година.
Во тонскиот запис се користи хавајска музика, каде што се појавуваат музичари како што се Габи Пахинуи, Реј Кејн, Кеола Бернер, Лена Мачадо, Сони Чилингворт, Џеф Петерсон и свештеникот Денис Камакаи.
Топ десет листи
уредиФилмот се појави на следниве топ десет листи од критичарите за најдобар филм од 2011 година:
Домашни изданија
уредиНа 13 март 2012 година, се издадени две домашни видео формати од филмот „Потомци“ (од анг. „The Descendants“) , од кои еден стандарден „DVD“ и два диска „Blu-ray“ во комбинирано пакување („Blu-ray“ + „DVD“+ дигитална копија).
Наводи
уреди- ↑ Abrams, Rachel (September 7, 2011). „'Descendants' gets earlier bow: Clooney starrer beats Thanksgiving glut with Nov. 18 rollout“. Variety. Архивирано од изворникот на 2013-01-08. Посетено на September 15, 2011.
- ↑ „The Descendants (15)“. British Board of Film Classification. September 27, 2011. Посетено на December 10, 2011.
- ↑ „Box office business for The Descendants“. IMDB. Посетено на December 22, 2012.
- ↑ „The Descendants (2011)“. Box Office Mojo. IMDB. Посетено на February 26, 2011.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Потомци на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Потомци на Box Office Mojo
- Потомци на Rotten Tomatoes.
- Потомци на Metacritic
- Потомци на The Numbers
- Дела од или за Kaui Hart Hemmings во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)