Потамологија
гранка на хидрографијата што ги изучува реките
Потамологија (од старогрчки: ποταμός - река, λόγος - наука) — гранка на хидрологијата која се занимава со изучување на реките. Таа ги изучува површинските водотеци и нивниот режим, динамика и појавата на ерозија.[1]
Покрај тоа, потамологијата ги разгледува морфометријата на речните сливови, структурата на водотечните мрежи; каналските процеси, режимите во речните устија; испарувањето и цедењето на вода во сливот. Чинители кај реките се топлината, режимот на замрзнување, режимот на талози и наноси, изворите и видовите на напојување, како и разните хемиски и физички процеси во реките.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Национална стратегија за заштита на природата (2017-2027)“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. 2018. стр. 206. Посетено на 16 октомври 2024.
Оваа статија хидрологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |