Последното искушение на Христос (филм)

„Последното искушение на Христос“ е американски филм од 1988 година, дело на режисерот Мартин Скорсезе. Филмот е снимен според истоимениот роман на Никос Казанѕакис. Филмот е снимен во Мароко, а во него настапуваат бројни познати глумци: Вилијам Дефо (како Исус) Харви Кајтел (како Јуда), Барбара Херши, Дејвид Боуви, Хери Дин Стентон итн. За филмот, Скорсезе бил номиниран за „Оскар“, додека Херши била наградена со „Златен глобус“. На Кајтел пак му била доделена „Златна малина“ за најлош глумец на годината.[1]

Во филмот се раскажува животот на Исус Христос и неговата борба со разни искушенија (стравот, омразата, депресијата, колебањето, страста итн.). Иако бил прикажуван со назнака дека отстапува од вообичаениот портрет на Исус и дека не се темели врз евангелието, филмот предизвикал големи критики од страна на христијанската публика.[2]

Наводи

уреди
  1. „Страдањата на Исус - инспирација за режисерите“, Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 11.
  2. "Страдањата на Исус - инспирација за режисерите", Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 11.