Последниот предизвик (филм од 1967)
Последниот предизвик (англиски: Last Challenge) - американски филм од 1967 година, во режија на Ричард Торп, според сценариото на Џон Шери. Главните улоги ги играат: Глен Форд, Енџи Дикинсон, Чед Еверет, Гари Мерил, Џек Елам и Кевин Хаген.[1]
Содржина
уредиШерифот Ден Блејн (го игра Форд) е познат како најбрзиот револвераш на Западот. Во неговиот град пристигнува младиот револвераш Лот Мегваер (го игра Еверет), кој сака да го убие шерифот и така да се здобие со слава. При првата средба, тие се спријателуваат при што Блејн гледа со симпатија кон младото момче кое го потсетува на него во младоста. Од друга страна, кога Лот ќе сфати дека неговиот нов пријател е всушност шерифот кого треба да го убие, тој не се откажува од својата намера. Девојката на Блејн, убавата сопственичка на салунот Лиса Дентон (ја игра Дикинсон) се обидува на сите начини да го спречи нивниот двобој.[2]
Наводи
уреди- ↑ „HRT (пристапено на 1.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-04. Посетено на 2017-12-05.
- ↑ „HRT (пристапено на 1.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-04. Посетено на 2017-12-05.