Последниот ден
„Последниот ден“ (српски: Последњи дан) — филм на режисерот Владимир Погачиќ од 1951 година. Главните улоги ги играат: Марија Црнобори, Карло Булиќ, Зоран Ристановиќ и Соња Хлебш.[1]
Синопсис
уредиНеколку поранешни членови на Гестапо, предводени од Вили Колб спроведува шпионски и саботерски акции, а ним им помага група луѓе кои се незадоволни од новиот општествен поредок во Југославија. Сепак, УДБА ги открива нивните активности и ги спречува саботажите, а Вили Колб е уапсен.