Портал:Филм/Избрана статија/2009/јануари
Самрак (англиски: Twilight) е американски романтично-фантастичен филм од 2008, режиран од Кетрин Хардвик и заснован на истоимениот роман од Стефини Мејер. Протагонисти во филмот се Кристин Стујарт во улогата на Бела Свон, млада девојка која се вљубува во вампирот Едвард Кулен толкуван од Роберт Патинсон. Paramount Pictures работеле на овој филм цели три години сè додека целиот проект бил преземен од Summit Entertainment. Мелиса Росенберг почнала да го обработува романот во сценарио уште од 2007 и го завршила кратко пред штрајкот на сценаристите (2007-2008). Првично филмот бил сниман во Вашингтон и Орегон во раната 2008. Самрак за првпат беше прикажуван во кината на 21 ноември, 2008 и се здобива со $35.7 милиони уште од првиот ден. Саунтракот беше издаден на 4 ноември, 2008.
Седумнаесет годишната Бела Свон се преселува во Форкс, Вашингтон за да живее со својот татко, Чарли, откако мајка ѝ и нејзинот очув одат на патување. Таа брзо се спријателува со повеќето деца од нејзиното ново училиште, но дознава и за една мистериозна група од ученици позната како Куленови, група од ученици со која е изолирана од останатите. Бела седнува до еден член од таа група, Едвард Кулен на часот по биологија на нејзиниот прв ден, но тој се покажува како многу непријатен и покажува знаци дека се гади од неа што ја збунува Бела. По неколку дена, во училишниот двор една кола токму пред да се удри во Бела, Едвард ненајдено скокнува пред неа и ја спасува Бела удирајќи ја колата. По ова Едвард одбива да и објасни на Бела како го извел тоа што ја натерува Бела да почне сè повеќе да се интересира за него.