Портал:Среден век/Избрана статија
Големиот раскол или Големиот Раскол (гр. σχισμα, лат. schisma - раскол, одвојување, цепење, разделување, шизма), исто така познат како Источно-Западен Раскол е настанот што го поделил Халкидонското христијанство на католицизам и православие (терминот "Големиот раскол" понекогаш се однесува на Западната Шизма). Расколот помеѓу Рим и Константинопол датира од 1054, кога папата Лав IX и патријархот Михаил I се разделуваат еден од друг во црквата.
Оваа шизма е резултат е од еден долг период на разделувањето на двете цркви. Основната причина за разделувањето е борбата за врховна власт помеѓу римските папи и константинополските патријарси. За разделувањето помогнале и веќе постојаните разлики помеѓу западната и источната црква во обредите и организацијата. Прочитајте повеќе