Портал:Русија/Избрана статија
Република Татарстан или Татарија (руски: Респу́блика Татарста́н; татарски (кирилица): Татарстан Республикасы, латиница: Tatarstan Respublikası) е федерална република на Русија.
Неофицијалната девиза на Татарстан е: Buldırabız! (Можеме!).
Жителите на Татарстан, независно од нивното етничко потекло, се нарекуваат Татарстанци.
Името Татарстан потекнува од „Татар“ и персискиот збор „стан“ (наставка за градење имиња на земји, истоветно на латинскиот „- ија“ користен во Европа). Другите форми на името на Татарстан се руското Татарија (поранешно официјално руско име) и турското Татаристан.
Републиката е сместена во средиштето на Источната европска низина, приближно 800 км источно од Москва, на реките Волга и Кама (притока на Волга), и се протега источно од планината Урал. Прочитајте повеќе