Портал:Религија/Избрана статија/2012/март
Ала — митско суштество кое се јавува во бугарскиот, македонскиот и српскиот фолклор. Алите се сметаат за демони на невремето чија главна цел е да ги водат облаците што носат град кон нивите, лозјата или овоштарниците со цел да ги уништат или украдат плодовите. Алите се мошне алчни и особено сакаат да јадат деца, иако нивната лакомост не е ограничена само на земјата. Се верува дека со нивните обиди да ги изедат сонцето и месечината го предизвикуваат затемнувањето на овие небесни тела. Доколку успеат, тоа би значело крај на светот. Кога човек ќе се сретне со алата, неговото ментално или физичко здравје, па дури и животот му е изложен на опасност. Меѓутоа, човекот може да ја добие нејзината благонаклоност доколку ѝ пристапи со почит и доверба. Добрите односи со алата се навистина корисни, бидејќи таа ги збогатува нејзините љубимци и им помага кога се во неволја. Прочитајте повеќе