Портал:Религија/Избрана личност/2009/ноември
Озирис — староегипетски бог, кого според верувањата го снашла смрт и бил осакатен од раката на злото, а по голема борба со овие сили и со помошта на Боговите тој повторно оживеал и оттогаш станал цар на подземјето и судија на мртвите, а и бог на воскресението. Бил издигнат на толку високо место на небото што станал еднаков, а во одредени случаи и надмоќен од Ра, Богот-Сонце. Бил еден од најбитните богови во староегипетската религија и заземал видно место и во најстарите погребни книги и во ,,Книгата на мртвите". Исто така, бил еден од деветмината богови на Енеадата од Хелиополис. Прочитајте повеќе