Портал:Религија/Избрана личност/2009/март
Заратустра — древен персиски пророк и религиозен поет. Химните кои му се припишуваат се литургиската основа на зороастрианизмот.
Авестанскиот израз Zaraθuštra доаѓа од староперсискиот збор *zarat-uštra-. Оваа реконструкција е потврдена од подоцнежните форми на персискиот јазик.
Се смета дека Заратустра живеел во 6 век п.н.е. Но, кон крајот на 19 век, временски го сместувале многу порано (околу 1200 години пред Христос), а едно муслиманско предание вели дека Заратустра бил современик на Мојсеј. Разликите се појавуваат поради јазикот и темите кои се користени во химните што му се припишуваат на Заратустра лично. Прочитајте повеќе