Портал:Психологија/Вовед
"Психологија" (од грч. ψυχή, "психи", душа, дух; и λόγος, "логос", знаење) е збир на академски, клинички и индустриски дисциплини што се занимаваат со објаснување и предвидување на човечките и животинските дејства, расположенија, мисли, чувства, мотивации, односи, можности и патологии. Животинската психологија обично се изучува како одделен субјект (види животинско спознание), но и како начин за добивање одредени сознанија врзани за човечката психологија низ споредба (види компаративна (споредбена) психологија). Прочитајте повеќе