Портал:Празници/Избрана биографија
Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството. За Константин се знае дека е испратен во Цариград да го продолжи своето образование, каде освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика, и бројни јазици. Константин бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.
Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори. Се знае дека подолго време управувал со брегалничката област и придонел христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум.
За своите заслуги, папата Јован Павле II на 31 декември 1980 година ги прогласи светите браќа за сопокровители на Европа.
Ден на солунските браќа Кирил и Методиј е 24 мај. Повеќе...