Портал:Окултизам/Избрана статија
Трискаидекафобија е страв од бројoт 13. За овој број се врзува празноверието. Стравот од петок 13-ти се нарекува параскаведекатриафобија или фригатрискаидекафобија.
Општо кажано, за бројот 13 се смета дека е лош број, едноставно поради тоа што следува по бројот 12, за кој народно се верува дека претставува една завршена целина. Кога една група од 13 елементи ќе се подели на два, три, четири или 6 еднакви делови, секојпат на крајот ќе остане еден елемент.
Бројот 13 исто така има и библиска поткрепа. Имено, на Тајната Вечера, Јуда, еден од апостолите кои го предал Исус Христос, бил 13-та личност на трпезата. Прочитајте повеќе