Портал:Образование/Избрана статија
Филозофскиот факултет во Скопје, којшто е сместен во универзитетскиот комплекс Свети Кирил и Методиј, е првата високошколска установа во која се учи на современ македонски јазик. Со неговото отворање, всушност, се поставуваат темелите на модерниот универзитетски живот во Република Македонија.
По успехот на НОБ во Втората Светска војна, односно извојувањето на национална држава во рамките на Југославија, се наметнала потребата за изградба на современ македонски факултет т.е. универзитет, со кој ќе се започне забрзано излегување на Македонија од ниското образовно ниво, коешто постоело пред војната, и изградба на високо стручни кадри од сите области на општествениот живот и развиток. Филозофски факултет Скопје