Портал:Класична музика/Дали сте знаеле
- ... дека Јохан Себастијан Бах (на сликата) имал 20 деца од две жени?
- ... дека Бах ги искомпонирал неговите „Голдбергови варијации“ за грофот кој страдал од несоница?
- ... дека Доменико Скарлати ја базирал неговата Мачешка фуга на чекорите кои по клавијатурата ги направила неговата мачка Пулчинела?
- ... дека бадинеријата е жив барокен танц во сложен такт како 6/8, 6/4, 9/8 или 12/16?
- ... дека француската композиторка Елизабет Жаке де ла Гер била дворски чембалист на кралот Луј XIV?