Портал:Време/Избрана статија
Вечноста означува безвременско постоење. Многумина овој поим го користат за да означат постоење надвор од времето. Постојат бројни дискусии за вечноста, при што поборниците на овој концепт, главно Аристотел, докажуваат дека материјата, движењето и времето вечно постојат.
Христијанскиот теолог и философ, Августин Аурелие, напишал дека времето постои само во рамките на физичкиот универзум, а само Господ постои надвор од времето. За Господ не постои ниту минато ниту иднина, туку само вечна сегашност. Прочитајте повеќе