Портал:Војна/Избрана статија
Косовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 28 јуни 1389 година според грегоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912. Прочитајте повеќе