Портал:Анатомија/Вовед
Анатомијата (од грчки: ana tomia — одстранување на делови-органи и ткива надвор од телото; вадење) е биолошка наука која се занимава со проучување на структурите на организмот, или поточно, градба на живиот организам.
Анатомски (или претежно анатомски) дисциплини се миологија — наука за мускулите, остеологија — наука за коските, артрологија — наука за зглобовите, спланхнологија — наука за внатрешните органи и слично. Според предметот на проучување (растение или животно), анатомијата се дели на анатомија на растенијата, анатомија на животните и анатомија на човекот.
Анатомијата е комплексна наука и се состои од макроскопска анатомија, микроскопска анатомија или хистологија и ембриологија. Прочитајте повеќе