Портал:Албанија/Избрана статија
Мала Преспа (или: Долна Преспа) е географска област во Република Албанија, покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро. Целата област се состои од десетина села коишто се организирани во општина. Селото Пустец е најголемата населба, а истовремено и седиште на општината. Градоначалник на општината е г-дин. Едмонд Темелко, етнички Македонец кој со големо мнозинство од гласовите победи на локалните избори одржани на 18.2.2007. Сите членови на советот на општината се етнички Македонци.
Во Мала Преспа живеат околу 5 700 жители, сите од македонско етничко потекло и со православна христијанска вероисповед.
Македонците од Мала Преспа се признати како македонско национално малцинство, и како такво тоа има право на образование на македонски јазик. Македонскиот јазик се користи и во општинската администрација (види го грбот) и културата. Општината има позитивна демографска слика, и во многуте македонски семејства и домаќинства е карактеристична големата бројка на деца и младо население (по 5,6 и повеќе деца). Помал дел од Македонците од Мала Преспа од 1991 година живеат во одморалиштето «Царина» во Република Македонија (во близина на албанската граница), а голем дел од населението на Мала Преспа има македонски државјанства.