Портал:Албанија/Вовед
(знаме) |
(грб) |
Албанија (алб. Shqipëria кое во слободен превод значи «Земја на орлите»; shqiponja = орел) е Средоземна земја во југоисточна Европа. Се граничи со Србија на север и североисток, Република Македонија на исток, и со Грција на југ, има брег на Јадранско Море на запад, и брег на Јонско Море на југозапад. Земјата е демократија во подем и нејзиното официјално име е Република Албанија (Албански: Republika e Shqipërisë). Главен град е Тирана. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. 70 % од населението се муслимани, 20 % се православни христијани и 10 % се католици христијани. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко, црногорско и др. население. Иако формално албанските власти го признаваат постоењето на малцинските заедници сепак тие се далеку од европските стандарди во уживањето на своите етнички права.