Прв поречки партизански одред
(Пренасочено од Поречки партизански одред)
Првиот поречки партизански одред бил формиран на 12 мај 1944 година. Воен командант бил Никола Макеларски, а политички комесар Бранислав Шикиќ.[1] Во одредот влегле борци од поречките села, а потоа и од село Јаболци и од Скопје.[2]
Одредот имал за задача:
- да создаде бази во поречките села и да прибира известувања за активностите и движењата на дражиќевците.
- да ги објаснува на населението целите и успесите на НОБ
- да создаде мрежа на НОО и други органи на НОД по селата
- да се собира оружјето кое останало од Првата светска војна
- да воспостави постојани врски со најблиските партизански единица
Наводи
уреди- ↑ М-р Цуте Крајчевски: „Порече (1943-1945)“, Скопје, 2017, ДАРМ, стр. 36
- ↑ Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |