Поплава во Пор-Марли
Поплава во Пор-Марли — серија од 4 и 7 слики насликани од Алфред Сисли во 1872 и 1876 година. Една од нив моментално се наоѓа на 2 кат во Музејот д'Орсе[1] во делот 32 (Моне - Реноар - Писаро - Сисли). Била изложена на втората изложба на импресионистите, пред да стане дел од колекцијата на Адолф Таверние, Франција ја стекнала какко завештание на грофот Исак де Камондо. Друга верзија на сликата е дел од збирката на Уметничкиот музеј во Руан[2]. Насликани во Ле Пор-Марли, 2 верзии на сликата се репродуцирани на местото на нивното создавање на патеката земјата на импресионистите[3].
Поплава во Пор-Марли | |
Творец | Алфред Сисли |
---|---|
Димензии | 60 см × 80 см |
Место | Музеј на ликовни уметности во Руан |
Поплава во Пор-Марли | |
Творец | Алфред Сисли |
---|---|
Димензии | 60 см × 81 см |
Место | Музеј Орсе |
Опис
уредиСтанува збор за масло на платно со димензии 60 × 81 см. На оваа слика, во преден план ја гледаме водата како тече кон хоризонтот со некои дрвја и столбови, во втор план е куќата на трговец со вино, „На Свети Никола“, се огледува во бескрајното огледало на водата која навлегла во сѐ. Во втор план има неколку чамци и неколку човечки силуети качени во чамците, а во позадина сивкаво и облачно небо. На десната страна се поставени дрвја и столбови за да се балансира сликата.
Во 1876 година, кога Сисли го насликал својот поглед на Пор-Марли, Сена била надојдена, градот бил под вода. Во една зграда, која сѐ уште постои и денес, се наоѓа продавница за вино и алкохолни пијалоци, A St Nicolas, како што е илустрирано со нејзината фасада заменета со сегашното кафуле Le Brazza.[4]
Анализа
уредиОтсуството на контури, како и употребата на дамки боја за прикажување и боење на предметите се одлики на импресионистичкото движење и ја покажуваат подвижноста на елементите. Допирот е многу широк, но никогаш не ја уништува формата, што фундаментално го разликува Сисли од Моне. Најкористени бои се сивата, кафената и белата, кои овде се поврзани со невремето и природните катастрофи. Сепак, неколкуте сини точки на небото низ кои минува сончевата светлина можат да значат надеж. Како заклучок, оваа слика има описна функција. Таа прикажува поплавен предел кој ги повлекува чувствата на сликарот низ прилично мрачните бои. Рефлексиите во водата како и техниката на цртање (дамките) го покажуваат движењето на водата и на претставените луѓе. А за тоа што значи секој детаљ во оваа слика, можеме да кажеме дека облаците и водата ги илустрираат несреќите што го зафаќаат светот и идејата за инвазија, додека дрвјата, зградата и синото небо делумно ја покажуваат идејата за отпор и надеж. Како резултат на тоа, гледајќи го ова платно, набљудувачот е под влијание на неколку емоции и впечатоци: -На прво место, набљудувачот ја чувствува големината на катастрофата и ги замислува страдањата на жителите на Пор-Марли. - Но додека набљудувачот навлегува во сликата и ги открива нејзините детали, тој гледа дека пламенот на надежта никогаш не згаснува[5].
Потекло
уреди- Поплавата во Пор-Марли била сопственост на Легран, Пендезон, Огист Пелерен, потоа на Адолф Таверние, сите од Париз.
- 6 март1900: Купена од грофот Исак де Камондо, Париз, за 43.000 франци.
- 1911 година: донирана на музејот Лувр, каде што била изложена од 1914 година.
- 1947 година: пренесена во Националната галерија на Же де Пом
- 1986 година: префрлена во Музејот Орсе
Наводи
уреди- ↑ http://www.musee-orsay.fr/fr/collections/catalogue-des-oeuvres/notice.html?no_cache=1&nnumid=581&cHash=c03f83e228
- ↑ „L'Inondation à Port-Marly“ (француски). 2013-04-16. Посетено на 2019-01-17.
- ↑ „Le circuit Sisley“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-29. Посетено на 2022-02-17.
- ↑ Aleksi Cavaillez, Sur la boucle de la Seine, Louisiane, 2012, 192 pages, ISBN 978-2-918995-20-3, p. 46
- ↑ „Sadir ABDULHADI“. Посетено на 23-08-2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help).