Полк Азов
Полкот Азов, официјално Посебен одред за специјални намени „Азов“ (на украински: Окремий загін спеціального призначення «Азов») — дел од Националната гарда на Украина, која е во рамките на украинското Министерство за внатрешни работи. Одредот бил формиран на 5 мај 2014 година за време на Украинската криза како доброволен баталјон „Азов“, под команда на Андреј Билецки.[1] Единицата во октомври 2014 година броела околу 800 припадници.[2]
Седиштето на единицата е во Мариупол, Донецка Област, но бидејќи градот е под контрола на ДНР (иако де јуре Украина го смета за своја територија), привремено е сместена во селото Урзуф, близу Мариупол, како и во Бердјанск и во престолнината Киев. Нејзин тековен командир е Денис Прокопенко. Сегашната ознака на единицата се користи од август 2015 година и на неа е прикажан симболот „Идеја на нацијата“ (Ідея Нації), поврзан со германскиот симбол Волфсангел, претходно користен и во нацизмот.
Полкот Азов станал озлогласен по обвинувања за тортури и воени злосторства, како и поради симпатиите на нејзиното членство кон нацистичката идеологија.[3] Поради ова во 2018 година Конгресот на САД ја прекинал воената помош од донација на опрема, тренинг или каква било друга поддршка за единицата.[4] Единицата служела и за подлога за формирање на крајно-десничарската политичка партија во Украина, Национален корпус, во октомври 2016 година.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Командир полку «Азов» Андрій Білецький: Ті, хто проливає кров за Україну, повинні мати свій голос у владі“. УНІАН (украински). 11 октомври 2014. Посетено на 12 декември 2018.
- ↑ „Полк "Азов" перепідпорядкують Нацгвардії“. Українські Новини (украински). 9 октомври 2014. Посетено на 12 декември 2018.
- ↑ „Ukrainian unit accused of Neo-Nazi links wants Canada's help“. Ottawa Citizen (англиски). 26 јуни 2015. Посетено на 12 декември 2018.
- ↑ „Congress bans arms to Ukraine militia linked to neo-Nazis“. The Hill (англиски). 27 март 2018. Посетено на 12 декември 2018.
- ↑ „Volunteer battalion Azov members and former members create National Corps political party“. Interfax Ukraine (англиски). 14 октомври 2018. Посетено на 12 декември 2018.