Покраини во Авганистан

список на статии на Викимедија

Покраините се главна административна единица во Авганистан. Земјата има 34 покраини (ولايت = „вилаети“). Секоја од нив се дели на окрузи.

Покраините во Авганистан означени со бројки

Покраините имаат свои управи, на чие чело стојат управници. Секоја од нив е застапена со по два пратеника во горниот дом на собранието, наречен „Дом на старешините“. Едниот го избира покраинскиот совет и има четиригодишен мандат, а другиот го избираат окружните совети и има мандат од три години. Пратениците во долниот дом (наречен „Народен дом“) се избираат директно од окрузите, со тоа што секоја покраина мора да има по две жени-претенички. Нив ги назначува претседателот на државата.

Покраини

уреди
Покраини во Авганистан
Покраина Бр. на карта ISO 3166-2:AF[1] Админ. центар Население [2] Површина (км²) Јазици Окрузи
Баглан 19 AF-BGL Пули Хумри 741.690 21.118 паштунски, дариски, узбечки, туркменски 16 окрузи
Бадахшан 30 AF-BDS Фајзабад 819.396 44.059 паштунски, дари, памирски јазици 29 окрузи
Бадгис 4 AF-BDG Калај Нау 499.393 20.591 паштунски, дариски 7 окрузи
Балх 13 AF-BAL Мазари Шариф 1.123.948 17.249 дариски, паштунски 15 окрузи
Бамјан 15 AF-BAM Бамјан 343.892 14.175 дариски, паштунски 7 окрузи
Вардак 21 AF-WAR Мајданшар 529.343 9.934 паштунски, дариски 9 окрузи
Газни 16 AF-GHA Газни 1.080.843 22.915 паштунски, дариски 19 окрузи
Гор 6 AF-GHO Чагчаран 635.302 36.479 дариски, паштунски 10 окрузи
Дајкунди 10 AF-DAY Нили 477.544 18.088 дариски и паштунски 8 окрузи
Забул 17 AF-ZAB Калат 244.899 17.343 паштунски 9 окрузи
Кабул 22 AF-KAB Кабул 3.314.000 4.462 паштунски, дариски, туркменски и узбечки 18 окрузи
Кандахар 12 AF-KAN Кандахар 2.913.000 54.022 паштунски 16 окрузи
Каписа 29 AF-KAP Махмудраки 358.268 1.842 дариски, паштунски, пашајски 7 окрузи
Кунар 34 AF-KNR Асадабад 413.008 4.942 паштунски 15 окрузи
Кундуз 18 AF-KDZ Кундуз 820.000 8.040 паштунски, дариски, узбечки и туркменски 7 окрузи
Лагман 32 AF-LAG Михтарлам 382.280 3.843 паштунски, пашајски, нуристански и дариски 5 окрузи
Логар 23 AF-LOW Пулалам 322.704 3.880 паштунски, дариски 7 окрузи
Нангархар 33 AF-NAN Џалалабад 1.342.514 7.727 паштунски, дариски 23 окрузи
Нимруз 3 AF-NIM Заранџ 117.991 41.005 балучки, паштунски и дариски 5 окрузи
Нуристан 31 AF-NUR Парун 130.964 9.225 нуристански, паштунски 7 окрузи
Орузган 11 AF-ORU Таринкот 320.589 12.696 паштунски, дариски 6 окрузи
Пактија 24 AF-PIA Гардез 415.000 6.432 паштунски, дариски 11 окрузи
Пактика 25 AF-PKA Шарана 809.772 19.482 паштунски 15 окрузи
Панџшир 28 AF-PAN Базарак 128.620 3.610 дариски, паштунски 5 окрузи
Парван 20 AF-PAR Чарикар 491.870 5.974 дариски, паштунски 9 окрузи
Саманган 14 AF-SAM Саманган 378.000 11.262 дариски, узбечки 5 окрузи
Сарипол 9 AF-SAR Сарипол 505.400 16.360 дариски, паштунски и узбечки 7 окрузи
Тахар 27 AF-TAK Талокан 830.319 12.333 паштунски, дариски, узбечки 12 окрузи
Фарах 2 AF-FRA Фарах 493.007 48.471 паштунски, дариски, балучки 11 окрузи
Фарјаб 5 AF-FYB Мајмана 833.724 20.293 узбечки, дариски, паштунски и туркменски 14 окрузи
Хелменд 7 AF-HEL Лашкаргах 1.441.769 58.584 паштунски, дариски 13 окрузи
Херат 1 AF-HER Херат 1.762.157 54.778 дариски, паштунски, туркменски 15 окрузи
Хост 26 AF-KHO Хост 638.849 4.152 паштунски 13 окрузи
Џаузџан 8 AF-JOW Шеберган 426.987 11.798 узбечки, туркменски, паштунски и дариски 9 окрузи

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди