Поезија (збирка песни од Едгар Алан По)
Поезија е збирка песни од американскиот поет Едгар Алан По, објавена од издавачката куќа „Македонска книга“ во 1969 година. Изборот на песните и препевот на македонски јазик го извршил Гане Тодоровски.
Технички податоци
уредиКнигата е објавена во едицијата „Поетска плејада“, со тврд повез и со обем од 73 страници. Нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректурата ја направила Вера Арсовска. Книгата била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“, во тираж од 1 500 примероци. Книгата не е каталогизирана, ниту пак ја поседува меѓународната ознака ISBN.[1]
Содржина
уредиПокај песните на По, книгата содржи и поговор со наслов „Поезијата на Едгар Алан По“, напишан од Гане Тодоровски, хронологија на животот на По, како и библиографија и литература посветена на По. Збирката ги содржи следниве песни на По:[2]
- Песна (Song, 1827)
- Во сонот сон (A Dream within a Dream, 1827)
- Сон (A Dream, 1827)
- Најсреќниот ден - најсреќниот час (The Happiest Day, the Happiest Hour, 1827)
- Езеро: На (The Lake: To -, 1827)
- На (To, 1829)
- На реката (To the River, 1829)
- На (To, 1829)
- Кон Еелена (To Helen, 1831)
- Израфел (Israfel, 1831)
- Градот во морето (The City in the Sea, 1831)
- Ленора (Lenora, 1831)
- Колосеум (The Coliseum, 1833)
- На онаа во рајот (To One in Paradise, 1834)
- Химна (Hymn, 1835)
- Палата на сеништата (The Haunted Palace, 1835)
- Земјата на соништата (Dreamland, 1844)
- Гарванот (The Raven, 1845)
- Јулејли(Eulalie - A Song, 1847)
- Јулалуам (Ulalume - A Ballad, 1847)
- Елдорадо (Eldorado, 1849)
- На мајка ми (To My Mother, 1849)
- Анабел Ли (Annabel Lee, 1849)
- Ѕвона (The Bells, 1849)