Под југословенското небо

„Под југословенското небо” (српски: Под југословенским небом) е прв звучен југословенски филм од 1934 година.[1] Автор на сценариото и режијата е Миодраг Мика Ѓорѓевиќ, еден од пионерите на седмата уметност на овие простори.

„Под југословенското небо“
РежисерМиодраг Мика Ѓорѓевиќ
ПродуцентМиодраг Мика Ѓорѓевиќ
МузикаСтанислав Бинички
Премиера1934
Времетраење76 минути
ЗемјаКралство Југославија
Јазиксрпски

За филмот уреди

„Под југословенското небо” е снимен како долгометражен туристички и документарен филм во продукција на „Југословенски просветен филм". Составен е од низа филмски вињети на који се претставени природните убавини и општеството во Југославија. Музиката за филмот ја направил композиторот Станислав Бинички. Филмот бил снимен на бројни локации од Охрид до Блед и од Ѓердап до Јадран. За цел туристичка промоција на земјата филмот бил прикажуван во Франција и Чехословачка. Куриозитет во филмот претставува првата тонска снимка на југословенскиот крал Александар, кој во филмот му посакал добредојде на чехословачкиот министер за надворешни работи.

Наводи уреди