Подољските кадети (филм)
„Подољските кадети“ (руски: Подольские курсанты) – руски филм од 2020 година, во режија на Вадим Шмелев. Главните улоги ги толкуваат: Алексеј Бардуков, Евгениј Ѓатлов и Сергеј Безруков.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во октомври 1941 година, кога германската војска незадржливо напредува кон Москва, но во походот ја запира една мала воена единица, составена од питомците на Подољската воена академија. Тие се стационирани во Калушката област, во близина на Москва, и успешно му се спротивставуваат на надмоќниот непријател, иако кадетите немаат борбено искуство. Со својата храброст, тие ѝ овозможуваат на Црвената армија да се групира и да го спречи походот на германската војска.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |