Подземан ефект е хип-хоп група од Куманово. Групата е формирана во 2004 година од двајца ем-сија од Куманово познати како Ти-Гоуст и Миљуш. Пред тоа Ти-Гоуст настапувал како соло артист со неколку песни. Од 2004 година, тие се познати како Подземан ефект и издаваат неколку песни како „Како се живи“, „Презентација на кумановски рап“, „Не ни га сфаќав филм“, „Што се дешава“ итн., но потоа прекинуваат со тоа и започнуваат со работа на својот прв албум. Албумот требало да излезе многу порано но поради технички проблеми како лоши услови за снимање, недостигот на опрема за снимање како и неодговорноста на нивниот продуцент групата морала да го пресними целиот албум повторно.

Подземан Ефект
Познат(а) и какоПодземен Ефект
ПотеклоКуманово, Македонија
ЖанровиБум-Бап
Период на активност2004 - денес
СоработнициFundamental, Герила, Sleet, Авторизација

Дела

уреди

Албумот „Извештај од Октомвриску“ е издаден во 2010 година и се состои од 18 песни. Сите инструментали се направени од Ти-Гоуст и продуцентот Хагенит. Двајцата артисти зборуваат за својот живот и околностите во овој албум. По издавањето на албумот, тие настапувале на многу места како, на пример, неколкуте самостојни настапувања во Куманово, во Скопје и во Штип, а значајни се и настапите на: Hip Hop Awards во Скопје во 2010, Stip Hop Fest 2011, Zelenata Arka 2012, големиот фестивал Skopje Gori 2012, Hip Hop Kamp 2012 во Охрид, Bit Fest 2012 во Битола, Bosh Fest 2012 во Гевгелија.