Извештај од Октомвриску
„Извештај од Октомвриску“ — рап (бум-бап) албум на кумановската група „Подземан ефект“. Албумот првично требало да излезе во 2004 година, но поради технички проблеми (лоши услови за снимање, недостиг на опрема за снимање и неодговорност на нивниот продуцент), групата морала да го преснима целиот албум повторно и тој бил објавен во форма компакт-диск, во 2010 година (иако на албумот не е наведена годината на издавањето). Албумот е составен од вкупно 17 песни кои се напишани на кумановски дијалект, што е препознатлив знак на групата. На албумот, двајцата членови на групата, Ти-Гоуст и Миљуш, зборуваат за околностите во нивната населба.
Автори на музиката и текстовите се членовите на групата, продукцијата е дело на Хагенит (Hagenith), а графичкиот дизајн е дело на vespertine.[1]
Песни
уредиАлбумот се состои од 18 песни:[2]
- Увод у подземје
- Подземан стил
- Како стоив ствари
- Тврдокорни на микрофони
- 100% реално
- Стиховни факти
- Џабе ви све
- Лирички вештине
- Емси свакодневно
- Хардкор до коску
- Тотална доминација
- Не ни га сфаќав филм
- Услови нула
- Што се дешава?
- Да ти ебу детство
- С'с тек на време
- Презентација на кумановски рап
- Слободан рецитат