Подводен НЛО (англиски: Underwater UFOs) е поим кој се користи за НЛО којк наводно заронуваат под вода (море, океан) каде имаат свои бази.

Уметнички приказ на подводен НЛО

Видувани

уреди

Подводен НЛО најчесто ги забележуваат кога излегуваат од вода. Бразилскиот научник РЈ Вилела наводно во Јужен Пол видел подводен НЛО кој изронил од водата и разбил околу 40 метри лед[1]. Истаржувачот Иван Т. Сандерсон изјавил дека овие НЛО можеле да имаат своја база на дното на океанот. Во близина на Порторико, 1963 година на еден брод сонарот на американската морнарица открил воден објект кој се движел со брзина од 150 јазли, и тоа на длабочина од 8,2 км. Подморниците тогаш не можеле да пловат на поголема длабочина од 1 км. Подморниците тогаш не можеле да го издржат големиот океански притисок. Постојат уште многу други извештаи за подводните НЛО-а. Често се случувало сведоците да видат светло во вода кое најчесто има сина или зелена боја. Овие настани најмногу се случиле во 1989 и 1990 година. Еднаш е забележано дека светлото имало пречник од дури и 100 метри. Просечната далечина од копно е 500-1000 метри.[2][3].

Наводи

уреди

Поврзано

уреди