Погодинов псалтир
Погодинов псалтир — средномакедонски кирилски ракопис од 13 век. Името го добил според претходниот сопственик, Владимир Погодин, руски историчар и писател.
Псалтирот е со коментар на Хесихиј Ерусалимски, се состои од 278 листа, се чува во Руската национална библиотека во Санкт Петербург, сигн. Пог.8. Калиграфски ракопис со богата орнаментика. Препишан од двајца писци од архаична предлошка, најверојатно во некој од југоисточните македонски центри, на што укажуваат јазичните особености. Правописот е двуеров, четиријусов, замената на носовките е недоследна, денализацијата е ретка. Припаѓа кон архаичната редакција на псалтирот карактеристична за Охридската книжевна школа.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1169. ISBN 978-608-203-024-1.