Површински напон
Површинскиот напон е процесот кој ги движи течните површини да се соберат во формата со минимална површинска плоштина. Благодарение на површинскиот напон некои инсекти, иако погусти од водата, може да пловат и да се лизгаат по водни површини.[1]
На границата меѓу течност и воздух, површинскиот напон потекнува од поголемото привлекување на молекулите во течноста една со друга (поради кохезија), отколку со тие во воздухот (поради адхезија). Конечниот ефект е сила на површината која дејствува навнатре и поради која течноста се однесува како да е покриена со еластична мембрана. Површината е напната поради нерамнотежата во сили, па оттаму поимот напон.[2] Водните молекули се поврзани меѓусебе и преку мрежа на водородни врски, па површинскиот напон на водата е повисок (72,8 mN/m на 20 oC) отколку кај другите течности. Површинскиот напон е значаен за капиларните појави.
Единиците мерки за површински напон се единица сила на единица должина, или единица енергија на единица плоштина. Кога се искажува во единици енергија на единица плоштина, често се мисли на површинска енергија што е поопшт поим кој се користи и за цврсти тела.
Наводи
уреди- ↑ „Water Striders“. National Wildlife Federation (англиски). Посетено на 2020-06-27.
- ↑ „Surface Tension and Water“. www.usgs.gov. Посетено на 2020-06-27.