Повреда

(Пренасочено од Повреди)

Повреда — оштетување на организмот под дејство на некој надворешен фактор т.е. надворешна сила. Според причината која ги предизвикала повредите се делат на:

  • Механички;
  • Топлински;
  • Електрични;
  • Хемиски;
  • Радијациони.

Механички повреди

уреди

Механичките повреди настануваат под дејство на механичка сила со притисок, удар или развлекување на ткивото. Тие можат да бида отворени (надворешни) и затворени (внатрешни).

Затворени (внатрешни) механички повреди

уреди

Затворени механички повреди настануваат кога ткивото е оштетено, а кожата и слузокожата не се оштетени. Такви повреди се:

  • Commotiо - потрес;
  • Contusio - нагмечување;
  • Compresio - притисок;
  • Distorsio - истегнување;
  • Luxacio - изместување;
  • Fractura - скршеница;

Отворени (надворешни) механички повреди

уреди

Отворени механички повреди се оние повреди при кој е нарушен континуитетот на слузницата или кожата.

  • Excoriacio - гребнатинка;
  • Vulnus scissum - посекотина;
  • Vulnus contusum - нагмечотина;
  • Vulnus punctum - убодна рана;
  • Vulnus lacero - contusum - нагмечотина и раздеротина;
  • Vulnus lacerum - раздеротина;
  • Vulnus morsum - каснатина;
  • Vulnus explosivum - експлозивна;
  • Vulnus sclopetarium - огнострелна рана;

Топлински повреди

уреди

Топлинските повреди настануваат под дејство на високи или ниски температури:

  • Изгореници Combustiones;
  • Смрзнатини Congelationes;

Изгореници (Combustio)

уреди

Изгорениците претставуваат оштетување на кожата и подкожните ткива под дејство на висока температура. Степенот на изгореница зависи од висината на температура и од времето на изложување. Изгорениците се делат на четири степени и тоа:

  • Прв степен Combustio erithemathoza - црвенило;
  • Втор степен Combustio bullosa - меури були;
  • Трет степен Combustio echarotica - каде е зафатена кожата, подкожното ткиво, лојните и потните жлезди;
  • Четврт степен Carbonificatio - јагленисување;

Смрзнатини (Congelatio)

уреди

Смрзнатините настануваат под дејство на ниски температури при што доаѓа до локални оштетувања на кожата и подлабоките ткива. Кај смрзнатините има три степени и тоа:

  • Прв степен Congelatio erithemathosa - црвенило, болка, оток;
  • Втор степен Congelatio bullosa - ливидна боја, меури;
  • Трет степен Congelatio gangrenosa - гангрена;

Повреди од електрична струја

уреди

Струен удар (electocution) за да дојде до ова повреда треба електричната струја да мине низ организмот. Оштетувањата можат да бидат специфично електрични пратени со мускулни грчеви, застој во дишењето и работата на срцето како и елeктротермични пратени со изгореници од повисок степен.

Удар од гром (fulguratio) може на место да го усмрти лицето или пак може да доведе до привидна смрт, зашеметеност или изгореници.

Хемиски повреди

уреди

Можат да бидат предизвикани од киселини, бази, бојни отрови. Кај овие повреди најважно е брзо отстранување на агенсот со испирање или давање на средства за неутрализација (најдобро е млака вода или млеко), поставување на инфузија за побрза елиминација на отрово како и давање на соодветен против отров.

Повреди од озрачување

уреди

Настануваат поради озрачување на човечкото тело со ултравиолетови, ренгенски, радиумски или други зраци. Оштетувањата можат да бида локални или општи и можат да се манифестираат рано или по подолго време.