Повел Рамел
Повел Карл Хенрик Рамел (шведски: Povel Ramel; 1 јуни 1922 — 5 јуни 2007) — шведски забавувач. Рамел бил пејач, пијанист, уметник, автор и композитор на песни. Неговиот стил се одликувал со имагинативна духовитост, и вербална и музичка.[1] Тој се инспирирал од хуморот во „лудиот“ стил на САД и Велика Британија и создал своја лична шведска верзија, необични комбинации на текст и музика, игра на зборови, пастиши и општа неочекуваност. Напишал околу 1700 песни, скици и монолози, а се смета за легенда и институција во шведската забава.[2]
Ран живот
уредиПовел Рамел е роден во Остермалм, Стокхолм во богато благородничко семејство. Неговиот татко, Карл Рамел, бил адвокат. На млада возраст, Рамел нашол љубезна публика за своите таленти во семејните медицински сестри, слугинки и готвачи, а исто така и во неговите родители. Неговото семејство често одело на големи одмори, а во таква прилика, на плажа во Белгија, кога Повел имал две години згазнал на клинец. Со заразената рана, Повел не се очекувало да преживее, иако се опоравил, но поминал со лесна трајна повреда.
Училишниот живот на Рамел бил вознемирувачки. Ги прекинал часовите, често одел во Скансен, музеј на отворено и во зоолошка градина, фаворизирајќи ја нивната куќа со мајмуни. За да не западне во неволја, Рамел им кажал на своите учители дека ја изгубил книшката за присуство, со што добил нова, додека на родителите им ја покажувал старата, без забелешки за отсуство. Меѓутоа, еден ден неговиот татко го забележал Рамел како ја посетува куќата на мајмуните. Последователно, неговиот татко се обидел да го испрати Рамел во различни училишта, меѓутоа со мал успех.
На 15-годишна возраст, Рамел ги придружувал родителите на патување со автомобил. Дошло до судир и мајката на Рамел, Марта Теш, починала следниот ден во болница. Неговиот татко починал неколку месеци подоцна.
Наводи
уреди- ↑ Nationalencyklopedin article about Ramel
- ↑ "Varför skulle nån köpa en zebra?" Архивирано на {{{2}}}. Interview in Дагенс нихетер November 2, 2006, retrieved June 12, 2011