Плоштад на украинските херои (Киев)
Плоштад на украинските херои (украински: Площа Українських Героїв) е плоштад кој се наоѓа во Киев, Украина. Плоштадот се наоѓа во реонот Шевченко, поврзувајќи се со улиците Голема Василкивска, Хетман Павел Скоропадски и Евген Чикаленко.
Плоштад на украинските херои | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Киев |
Земја | Украина |
Плоштадот започнал да се гради во втората половина од 19 век. Во 1891 година, областа била наречена Караваевска според хирургот Владимир Караваев. Еден од првите објекти кои биле изградени овде била Караваевската бања. Овде се наоѓала и куќата на Лав Бендерски.
Во 1914 било планирано да биде изграден споменик на Тарас Шевченко, но ова не се остварило поради војната. Во 1938 улицата била преименувана според Лав толстој, а со тоа и плоштадот.
Современото име во чест на украинските херои е усвоено во 2023 година.