Плејн Мед
Плејн Мед (англиски: Plane Mad) е ирска група за директна акција која води кампањи против придонесот на воздухопловната индустрија за климатските промени. Основана е во 2007 година и претставува сестринска група на британската група Плејн Стјупид (англиски:Plane Stupid). Таа е нехиерархиска организација. Нејзините четири главни барања се:
- Крај на аеродромското проширување
- Крај на субвенциите за внатрешни летови
- Забрана за рекламирање на авијацијата
- Данок на авионско гориво
Во септември 2008 година, го прекинале АГМ на Рајанер (англиски:Ryanair) на аеродромот во Даблин, за време на говорот на извршниот директор Мајкл О'Лири.[1][2] Во ноември 2008 година го прекинале говорот на министерот за животна средина, наследство и локална самоуправа од партијата на Зелените Џон Гормли во северен Даблин во знак на протест поради планираното проширување на аеродромот во Даблин.[3]
Надворешни врски
уреди- Веб-страница на Plane Mad Архивирано на 25 мај 2023 г. (од 6 февруари 2017 година, ова повеќе не е во употреба)
Наводи
уреди- ↑ „Clare protestors 'plane mad' over air pollution | This Weeks News“. www.clarepeople.com. Архивирано од изворникот на 2008-10-02.
- ↑ „Climate Activists disrupt Ryanair AGM“. 14 March 2004.
- ↑ „Group go Plane Mad at minister during speech“.